Победи за Атлетико и Спортинг во полуфиналето на Лига Европа
20 април 2012Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Спортинг Лисабон се стекнаа со предност, по одиграните први полуфинални натпревари во Лига Европа.
Атлетико, во шпанската полуфинална пресметка, пропушти шанса да забележи многу поубедлива победа над Валенсија. „Јорганџиите“ победија со 4:2, благодарение на двојниот стрелец Радамел Фалкао, а по еднаш голманот на Валенсија го совладаа Миранда и Адријан.
Головите кои Валенсија можат да ја одведат до финалето, Жонас, односно Рикардо Коста ги постигнаа во 48-та и 94-та минута од натпреварот.
Атлетик Билбао, одигра солиден натпревар во Лисабон, но на крајот Спортинг успеа да ја избегне судбината на Манчестер Јунајтед и Шалке, забележувајќи победа од 2:1. Ауртанече им донесе предност на Баскијците во 54-тата минута, додека Спортинг до победата стигна во интервал од четири минути, од 76 до 80, кога Инсуа и Капел го совладаа Ираизоз.
Возвратните натпревар по кои ќе бидат познати финалистите во Лига Европа ќе се одиграат на 27-ми април. Финалниот натпревар е закажан за 9-ти мај во Букурешт.