1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќемина уапсени за подметнување на пожарите во Грција

27 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYUy

Повеќе лица се уапсени во Грција под сомневање дека подметнале пожари во земјата. Поголемиот дел од нив се обвинети дека предизвикале пожар од небрежност. Грчките власти пак сметаат дека поголемиот дел од катастрофалните пожари кои четири дена ја зафатија земјата се намерно потпалени. Распишаа и награда од еден милион евра за информација која ќе води до пироманите. Последните бројки велат дека во пожарите загинале 63 лица. Досега изгореле 110 села,а уништени се над 4000 декари шума. Само во последниве 24 часа во земјата се регистрирани нови 89 пожари. Поголемиот дел од нив не се под контрола. На грчките пожарникари им помагаат и колеги од повеќе европски земји и Русија.