1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе од 60 жртви во серија напади во Египет

23 јули 2005

Во египетското летувалиште Шарм ел Шеих во текот на ноќа експлотираа три автомобил бомби во рок од неколку минути. Серијата напади, според податоци на министерот за здравство Авад Таг Един ги чинеше живот, 62 луѓе, а повредени се 119 лица.

https://p.dw.com/p/AcDm
Терористички напад во Египет
Терористички напад во ЕгипетФотографија: AP

Цел на нападите биле два туристички хотели во стариот дел од градот каде е погодено едно кафуле. Првата експлозија се случи во близина на туристичкиот центар Наама Беј каде се наоѓаат голем број хотели, втората автомобил бомба експлодираше во хотелот Мевенпик, а третиот експлозив беше детониран во мини автобус на стариот пазар во Шарм ел Шеих. Министерот за внатрешни работи Хабиб ал Адли одговорноста за нападите ја префрли на милитантните исламисти. Синоќешниот напад беше најтешкиот напад во Египет во последните години.

По првите податоци на египетските власти, меѓу жртвите нема германски државјани. Министерот Ал Адли објави дека жртвите се претежно Еѓипќани, а најмалку осум убиени се странски државјани. Според властите меѓу жртвите се Британци, Руси, Холанѓани како и туристи од Саудиска Арабија, Катар и Кувајт.

Местото на нападот на полуостровот Синаи во Црвенотот море е особено омилено кај израелските и европските туристи. Нападите кои се случија во текот на ноќта се најтешките по 1997 година, кога исламистички атентатори усмртија 58 туристи и четворица Еѓипќани во античките локалитети на Луксор. Пред девет месеци во одмаралиштата Таба и Рас Шитан на полуостровот Синаи се случија редица експлозии при што животот го загубија 34 лица.

Египетскиот министер за туризам Ахмед ал Магхраби истакна дека нападите имале за цел да ги заплашат луѓето и да ги одвратат од патувања. Сепак овој развој нема да и наштети на туристичката индустрија особено важна за Египет.

Портпарол на американскотот министерство за надворешни работи ги осуди нападите и и понуди помош на египетската влада. Нема извинување кога се напаѓаат недолжни цивили. По нападите во летувалиштето Шарм ел Шеих и израелската влада влада понуди помош, израелската армијата е во состојба на зголемена готовност и доколку е потребно може да пружи помош при згрижување на повредените лица.

Шарм ел Шеих е место кое има и голема симболика. Повеќепати таму се одржувале блискоиточните самити последниот во февруари годинава. Во 2000 година на самит во Шарм ел Шеих учествуваше и тогашниот америкснаки претседател Бил Клинтон, а во јуни 2003 година неговиот наследник Џорџ Буш.