1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повредените во сообраќајката кај Будимпешта хоспитализирани

БГ/ЕМФ/миа/макфакс26 април 2013

Патникот кој беше во критична состојба по сообраќајната несреќа во Унгарија, кога македонски автобус излета од патот во близина на Будимпешта, е надвор од животна опасност, соопшти македонскиот амбасадор во Унгарија.

https://p.dw.com/p/18NpP
Фотографија: Fotolia/Stephan Walochnik

Амбасадорот на Македонија во Унгарија, Дарко Ангелов ги посетил повредените патници, сместени во болница во Татабања, и од лекарите бил инфомриран дека пациентот кој бил тешко повреден е контактибилен и надвор од животна опасност.

Македонското Министерство за внатрешни работи изутрината, во рамки на меѓународната полициска соработка, било информирано од унгарската полиција дека на територијата на Унгарија, во близина на гранiцата со Австрија ,се случила тешка сообраќајна несреќа на македонски автобус во кој се превезувале туристи, при што се повредени 28 лица од кои 6 потешко.

Според информациите од унгарската полиција, преземени биле сите мерки за укажување медицинска помош на сите повредени, а интервенирала и Противпожарната единица за извлекување на повредените од автобусот. Автобусот кој се движел на релација Скопје - Прага излетал од патот на 50 километри пред Будимпешта, кај градот Ѓер. Автобусот завршил во канал, од каде што е извлечен со кран од пожарникарските служби.

Унгарската полиција ги истражува причините за несреќата, но според првичните информации возачот на автобусот заспал.