1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повредени полицајци на маргините на фестивал на Курдите

АТ/ дпа/ афп9 септември 2012

При немири на маргините на културна манифестација на Курдите во Манхајм повредени се 80 полицајци. Синдикатот на полицијата го осуди инцидентот, а министерот за внатрешни работи на Баден Виртенберг најави консеквнции.

https://p.dw.com/p/165d2
Фотографија: dapd

Во инцидентот на маргините на културна манифестација на Курдите во Манхајм вчера беа повредени 80 полицајци.  Повеќе од нив беа повредени од фрлени цигли или шишиња, соопшти полицијата. Еден полицаец е потешко повраден, тој претрпел скршеници на ребрата, откако бил удрен со железна шипка. Исто така биле палени пиротехнички средства. Во инцидентот се демолирани и 13 возила на полицијата.

Министерот за внатрешни работи на покраината Баден Виртенберг Рајнхолд Гал ги осуди нередените и најави дека тие ќе имаат консеквенци. „Тоа беше неосновано насилство против полицијата. Такво нешто не е дозволено во нашата правна држава“, изјави денеска Гал. Градоначалникот на Манхајм Петер Курц од своја страна изјави: „За мене е вонемирувачки, што лица кои предизвикуваат нереди до тој степен користат еден инаку мирен културен фестивал“.

Според полицијата на културната манифестација присуствувале околу 40.000 посетители од цела Европа. Околу 2.500 од нив биле насилни или подготвени за насилство.

Инцидентот избил откако компанијата за безбедност, која била ангажирана од органзиаторите ја алармирала полицјата, поради тоа што избил спор со еден 14 годишен Курд. Нему му било дозволено да влезе на местото каде се оддржуваше културниот фестивал поради тоа што носел забрането знаме. Кога пристигнала полицијата, службениците биле нападнати од грб. Откако биле повикани други полицајци на помош, биле скандирани пароли и толпата ги гаѓала полицајците со различни предмети.

До вчера вечер биле приведени 31 лице. Освен знамиња и маици со симболи на забранетата организација конфискувани биле и четири ножеви и прстен за удирање.

Културната манифестација се одржа по 20 пат. Досега таа најчесто се оддржуваше во покраината Северна Рајна Вестфалија. Според податоците на централното здружение на сојузите на Курдите во Германија (ЈЕК-КОМ) досегашните манифестации минувале мирно.

Синдикатот на полицијата го осуди инцидентот. Политиката мора да се заложи за тоа во иднина повеќе да не смеат да се оддржуваат вакви манифестации, се вели во соопштението на синдикатот.