1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно катастрофа во текстилна фабрика во Бангладеш

ЕМФ/дв9 мај 2013

Две недели по уривањето на текстилна фабрика, во кое загинаа стотици луѓе, во Бангладеш се случи нова катстрофа - пожар во текстилна фабрика во Дака. Загинаа осум луѓе, а има и повеќемина повредени.

https://p.dw.com/p/18Ukd
Фотографија: picture-alliance/AP

Пожарот во текстилната фабрика избил откако голем дел од работниците веќе биле заминати дома, соопшти полицијата. Сепак, во пожарот загинаа најмалку осум лица како последица од задушување. Меѓу загинатите е и сопственикот на фабриката. Повеќе лица имаат повреди.

Причина за пожарот во Дака, кој избил во текот на ноќта (08/09.05), веројатно е краток спој. Огнот е изгаснат по речиси два часа од избивањето на пожарот.

Bangladesch Brand in einer Textilfabrik
Фотографија: Reuters

Во фабриката се произведувала облека наменета главно за извоз, меѓу другото и за Германија.

Пред само две недели, при уривање на фабрички објект во близина на Дака загинаа повеќе од 900 луѓе. И во таа фабрика се произведувала облека за извоз во западните земји. Владата на Бангладеш, според сопствени наводи, по уривањето на фабриката затворила 18 други фабрики поради безбедносни причини. ЕУ се закани со казни доколку Бангладеш не се погрижи за подобри услови на работа во текстилните фабрики.