Повторно предупредувачки штрајкови во Германија
19 март 2012Во текот на денешниот ден (19.03) од штрајкот ќе бидат погодени покраините Долна Саксонија и Бремен, каде нема да функционираат јавниот превоз, детските градинки и комуналните служби. Во вторник следуваат предупредувачки штрајкови во покраините Баварија, Баден Виртемберг и Хесен, а в среда цел ден ќе штрајкуваат вработените во јавниот сектор во покраината Северна Рајна Вествалија. Првите предупредувачки штрајкови на вработените во јавниот сектор ширум Германија кои бараат зголемување на платите за 6,5 насто беа одржани на почетокот од месецов. Работодавачите - сојузната, покраинските и општинските управи, минатата недела им понудија на вработените во јавниот сектор зголемување на платите од 3,3 отсто за следните две години, што е под барањата на синдикатите.
Работодавачите сметаат дека барањата на синдикатот на вработените во јавниот сектор Вер.ди за зголемување на примањата од 6,5 отсто за два милиона вработени во јавниот сектор за оваа година се нереални со оглед на забавувањерто на економскиот раст.
Автор:СН/ЖА/дпа/дв
Редактор: Е. М. Фиданоска