1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подготвени сме за силно евро

21 септември 2007

По намалувањето на основната камата од страна на американската централна банка курсот на еврото и натаму расте. Дали е тоа опасност за германското извозно ориентирано стопанство?

https://p.dw.com/p/BiAK
Фотографија: AP

Последниот скок на еврото не е изненадувачки,со курсот од 1,4 долари е постигната само психолошката граница,ништо повеќе,вели Мартин Хифнер,поранешен главен економски советник во повеќе германски банки,а денеска советник во различни фирми:

„Многумина велат дека границата од 1,4 долари за евро е решавачка.Тоа не може да се каже со сигурност.Ако стигнеме меѓутоа до 1,45,тогаш за цела редица претпријатија ќе стане тешко,а при курс од 1,5 навистина треба да се повлече рачната кочница.“

Значи,економскиот советник Хифнер не гледа сеуште причина за возбуда.Германското стопанство според него е подготвено на силно евро,иако на долги патеки ќе има проблеми:

„Тогаш ќе пораснат се разбира трошоците на фирмите.Ќе остен помалку за плати и за дивиденди,со тоа ќе се стесни просторот за делување на пазарите на акции.Нема да биде лесно,но можеме да издржиме.“

Значи,може да се појде од тоа дека силното евро ќе биде користено како аргумент против барањата на синдикатот за зголемување на платите,и покрај тоа што извозот напредува.

Германското стопанство во последниве години многу ја зголеми продуктивноста и со тоа и својата позиција во меѓународната конкуренција.На некои пазари оваа предност ќе се намали поради силното евро,посебно за фирмите кои извезуваат на американскиот пазар.Но,силното евро патем има и позитивна страна.Увозот во Германија,кој мора да се плаќа во долари,ќе биде поевтин.Цените на нафтата,кои во моментов се високи,со силното евро малку ќе се амортизираат.