1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за Рахој на регионално ниво

ЖА/дв/дпа/миа22 октомври 2012

По протестите против владината политика на штедење, шпанскиот премиер Маријано Рахој доби поддршка од гласачите на регионалните избори во Галиција.

https://p.dw.com/p/16UDa
Фотографија: Reuters

Конзервативната Народна партија на шпанскиот премиер Маријано Рахој освои неочекувано јасна победа на вчерашните (21.10) парламентарни избори во автономната област Галиција, кои се сметаат за тест за справувањето со економската криза во земјата.

Народната партија го зголеми апсолутното мнозинство во 74-члениот регионален парламент на Галиција од 38 на 41 мандат, покажуваат резултатите по пребројувањето на повеќе од 90 отсто од гласовите.

Во друга шпанска автономна област, Баскискиот регион, сепаратистичката Баскиска националистичка партија ги отстрани социјалистите од власта во локалниот парламент.

Сепаратистите победија со 27 мандати во 75-члениот регионален парламент. Тоа ја зајакнува веројатноста за зголемување на сепаратистичките тенденции во регионот во момент кога владата во Мадрид се обидува да се справи со сличното такво движење во Каталонија.