1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поделени реакции

17 јули 2007

Американскиот претседател Џорџ Буш кој долго молчеше за конфликтот на Блискиот исток, сега презема нов обид да го обнови мировниот процес.

https://p.dw.com/p/BJ6N
Палестинците со внимание го следат говорот на БушФотографија: AP

Срж на иницијативата е меѓународна мировна конференција што треба да се одржи наесен и на која треба да учествуваат пред се арапските земји кои го поддржуваат палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Говорот на американскиот претседател Џорџ Буш во Израел и во палестинските подрачја наиде на поделено ехо. Владата во Ерусалим ја поздрави најавата на Буш наесен да се одржи меѓународна конференција за Блискиот исток. Портпаролката на владата Мири Ајсин изјави дека таква средба ги поддржува умерените Палестинци и билатерални израелско-палестински преговори. Во израелската опозиција напротив се реагира воздржано. Поранешниот министер за надворешни работи Силван Шалом од десно-националниот Ликуд за израелското радио изјави:

„Овој говор треба во прв ред да им помогне на Олмерт, Абас и лично на Буш. Олмерт во моментов се наоѓа во многу тешка ситуација. Завршниот извештај за војната во Либан треба да се појави наесен и тогаш Ехуд Барак веројтано ќе ја напушти владата. Затоа овој говор треба да сигнализира: ние сме на пат кон историски самит, Барак не треба да ја напушти валадата, а истражниот одбор за либанската војна не треба да попречува еден токлу важен историски процес„.

И Јоши Беилин од левата Мерец парија е воздржан:

„Морам да кажам дека не сум одушевен од конференција што нема да ја води лично претседателот. Таква конференција служи само да ги собере луѓето кои инаку не можат да разговараат меѓу себе или да финансираат еден таков политички процес„.

Преодната палестинска влада во Рамала на говороот на Буш реагираше позитивно. Таквиот план ја поддржува палестинската позиција. Самитот мора да води кон спорведување на мировниот план за да се воспостави палестинска држава, изјави попртпаролот на Абас, Јасер Абед Рабо.

Во изолираниот појас Газа говорот на Буш наиде на одбивање и лутење. Хамас, кој владее таму, ги отфрла обвинувањата на претседателот кој исламистите ги оцени како терористи и одговорни за хаосот во појасот Газа. Портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри го обвини Буш дека планира кростоносна војна против палестинскиот народ.