1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подметната бомба под автомобил на уредникот на „Зери е популит“

10 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFS

Автомобилот на главниот уредник на весникот на албанските социјалисти „Зери е популит“ синоќа е дигнат во воздух во подметната експлозија во Тирана. Главниот уредник на весникот, Ерион Браче кој е и пратеник во парламентот за време на експлозијата бил во својата канцеларија. Ова е втора експлозија и атентат врз него, а Браче за нападите го обвини премиерот Сали Бериша. Браче се сомнева дека атентатот е направен поради неговите критики на сметка на власта.