1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подобар рејтинг за Грција

АТ/ бета/афп/дв19 декември 2012

Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ ја подобри оценката за кредитоспособноста на Грција. Изгледите за новиот рејтинг се „стабилни“.

https://p.dw.com/p/175H0
Фотографија: dapd

Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ ја подигна за шест степени кредитната оценка за Грција од „селективен банкrот“ на Б -, со „стабилни“ долгорочни изгледи. Одлуката да се подобри оценката на Грција за шест степени ја одразува „силната одлучност“ на земјите од еврогрупата да ја задржат Грција во зоната на заедничката европска валута, наведува агенцијата во соопштението.

„Долгорочните изгледи за рејтингот се стабилни“, се додава во соопштението на агенцијата „Стандард и Пурс“, која наведува дека тоа ја одразува и приврзеноста на грчката влада за фискално и структурно прилагодување и покрај политичките и економските предизвици.

Земјите на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд се договорија да ја деблокираат помошта за Грција во износ од 49,1 милијарда евра. Одлуката да се ослободи оваа транша од ветената помош е донесена откако Атина ги усвои мерките за штедење и спроведе откуп на долгот.