1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подолски и магичната бројка

Јенс Крепела/ Симе Недевски/сид/дпа17 јуни 2012

Бекенбауер, Клинсман, Матеус - во ова угледно друштво германски репрезентативци денеска би требало да влезе и Лукас Подолски, со настапот против Данска . Тоа ќе биде негов 100-ти репрезентативен натпревар.

https://p.dw.com/p/15Gen
Фотографија: Reuters

„Секогаш велев. Стотката е цел, сон“, изјави еднаш Лукас Подолски. Сега тој се наоѓа кусо пред исплонувањето на сонот. Ако селекторот Јоахим Лев остане верен на својата тактика и изборот на првите единаесетмина во завршниот меч во групата Б против Данска, тогаш „Полди“ по 100-ти пат ќе истрча на теренот во дресот на германската репрезентација. Само десет германски фудбалери досега ја достигнале оваа бројка, а на чело е Лотар Матеус со 150 настапи. Подолски покрај тоа би бил прв фудбалер во Европа кому тоа му успеало со само 27 години.

UEFA EURO 2012 Deutschland Pressekonferenz
Фотографија: picture-alliance/dpa

43 голови за репрезентацијата досега

Во 2004-та година, кусо по неговиот 19-ти роденден, Подолски за првпат настапи за германската репрезентација, тогаш под водство на селекторот Руди Фелер во пријателскиот меч со Унгарија . За време на СП 2006-та во Германија „Полди“ и Бастијан „Швајни“ Швајнштајгер беа миленици на публиката. ЕП во Полска и во Украина за Подолски е веќе петти турнир. Во досегашните 99 репрезентативни настапи тој има постигнато 43 голови и тоа е најсилниот аргумент за негов настап и денеска против Данска на арената во Л’вов. Во дресот на репрезентацијата Подолски секогаш давал максимум и работел добро и во одбраната. Затоа Лев го цени и покрај тоа што Подолски против Португалија и Холандија во нападот не одигра најдобро и Андре Ширле и Марко Ројс се две одлични алтернативи за неговата позиција.

Да се избегне „руско сценарио“

Кванитетот е едно, а квалитетот е друго нешто, знае и Подолски. Тој, како и другите во репрезентацијата, конечно сака на овој турнир да освои титула. Германците сакаат со победа над Данска да го обезбедат првото место во групата и да не зависат од калкулациите што може да произлезат во друг случај, па да мораат да зависат од исходот во вториот меч во групата меѓу Холандија и Португалија, кој се игра во Харков. Бидејќи во случај на пораз од Данска и победа на Португалија над Холандија, можно е „руско сценарио“.

UEFA EURO 2012 Griechenland vs Russland
Фотографија: Reuters

Имено, и Русите влегоа во последниот натпревар против Грција како водечки на табелата во групата А и како фаворити за нејзино освојување. Но, поразот од 1:0 од „грчкиот бедем“ и победата на Чешка над кодомаќинот Полска со идентичен резултат, значеше крај на надежите на Русите. Чешка како првопласирана и Грција како второпласирана во Групата А се првите четвртфиналисти на ЕУРО 2012.