1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарите продолжуваат,пратениците се караат

Горан Петрески27 јули 2007

Во Македонија сеуште се во тек четириестина пожари,додека екипите на терен се борат со огнот,во Парламентот жестока дебата меѓу опозицијата и власта:дали се прави доволно и дали е доволно направено?

https://p.dw.com/p/BMh9
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Иако си поставија задача да изгласаат заклучоци за справување со огнената криза, пратениците не најдоа заеднички јазик да се договорат како да се менаџира ситуацијата. Специјалната седница на парламентот посветена на пожарите заврши без договор за преземање конкретни мерки. Наместо тоа, власта и опозицијата се обвинуваа меѓусебе за неодговорност и политиканство. Премиерот Никола Груевски рече дека ситуацијата е многу сериозна.

„Мислам дека е непристојно,кога луѓето даваат се од себе,кога 24 работат,било дали станува збор за градоначалници,или станува збор за луѓе што се во нивната организација,непристојно е политичкото злоупотребување и да се кажува дека не работеле или немале добра координација.“

Опозицијата ја обвинува владата за неспособност

Владата е неспособна да се справи со пожарите е ставот со кој опозиционерите атакуваа на потезите што ги презема владата. Пратениците весна бендевска и Борис Кондарко од СДСМ рекоа:

„Дојде до израз аматеризмот и неспособноста на владата за справување со пожарите.Наша забелешка кон партијата на премиерот Никола Груевски е што парите на граѓаните не ги употребија за превентивно да делуваат во овие кризни моменти.“

„Толку невкусно ја величевте вашата партија,вашиот градоначалник и вашиот премиер,што навистина го добивте спротивниот ефект.Вие овде се обидувавте политички да поентирате.“

Владеачката партија со контра

Пратениците од владеачкото мнозинство возвратија. Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ праша каде е шефицата на опозицијата кога во земјата е кризна состојба.

„Радмила Шеќеринска,која веќе две недели е во Флорида,во Калифорнија,во Масачусетс и на други места.“

Без поддршка остана и предлгот на Стојан Андов парично да им се помогне на луѓето загрозени од пожарите.

Во Македонија горат повеќе од 40 пожари, најсериосни се беровскиот и двата во околината на Скопје. Огнената стихија во битолско која ја однесе засега единствената жртва стивна. Првичните неофицијални проценки на штетите се поголеми од 30 милиони евра. Во земјата во тек е акција за апсење на пироманите.