1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарите ја „пеплосаа“ Австралија

АТ/ дапд/ дпа8 јануари 2013

Поради високите температури во Австралија и опасноста од пожари загрозени се илјадници луѓе. Пожарникарите предупредуваат од катастрофални пожари на нискостеблести растенија и ги советуваат жителите - да се засолнат.

https://p.dw.com/p/17FjL
Фотографија: Reuters

Кога ќе се појави опасност попаметно е да се побегне, отколку да се направи обид со кофи и градинарски црева да се води борба со пожарот, изјави портпаролот на пожарникарските екипи: „Надворешните околности не би можеле да бидат полоши“.

Во сојузната држава Тасманија спасувачките екипи и натаму трагаат по речиси сто исчезнати. На југот на островот опожарени се повеќе од 100 куќи и изогреа речиси 20.000 хектари земја, соопшти полицијата.

Во сојузната држава Нов Јужен Велс властите најавија дека наредните денови се очекува температурите да се искачат со 45 степени целзиусови, како и силни ветрови. Под вакви временски околности поединечните пожари можат многу брзо да се рашират во катастрофални пожари.

На југоистокот на Австралија пожарникарните екипи веќе се борат со стотици пожари кои ги зафатија нискостеблестите растенија. Ангажирани се илјадници доброволци, за да се локализираат пожарите. За првпат во историјата на земјата се затворени сите национални паркови. Турисите кои кампуваа мораа да го прекинат одморот. Воведен е навијсок степен на готовност. Премиерката Џулија Гиларт изјави дека пожарникарните екипи со право го корситат зборот „катастрофално“.