1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожар му се заканува на Дубровник

6 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BQIU

Пожар зафати две предградија на Дубровник, при што се уништени неколку куќи. Власите браат доброволци кои ќе помагаат во гаснењето, а граѓаните кои се загрозени се повикуваат да ги напуштат домовите во градот, кој е прогласен за светско културно наследство од страна на Унеско. Пожарот избил во соседна Босна и Херцеговина, а ветерот го разгорел во правец на Дубровник. Гаснењето на пожарот е дополнително отежнато поради можноста од нагазни мини останати од војната во Босна.