1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивни и негативни ефекти на глобализацијата

Петра Ламбек 25 јануари 2008

Kризата во САД покажа: Поврзувањето во светот може да има трагични последици. Се проширува страв од последиците на глобалниот пазар. Дали овој страв ќе доведе до нов протекционизам?

https://p.dw.com/p/CxV3
Давос 2008Фотографија: AP
Слободна трговија во целиот свет - тоа и натаму е посакувана цел. Ова го кажа и Кондолиза Рајс во нејзиниот говор на отварањето во Давос. Американската министерка за надворешни пледираше за доверба во светската економија и американската конјуктура. Глобализацијата е класична тема во Давос За многу економски босови ситуацијата е јасна: Конечно сите профитираат од тоа. Гледиште кое не го споделува американскиот економист и носител на нобеловата награда Џосеф Стиглиц „Мислам дека најмногу што може да се каже е: ако добро се раководи со глобализацијата тогаш може да биде добро за сите нас. Најмалку за поголемото мнозинство. Но онака како што е до сега, можам само да кажам: Оваа изјава не е точна.“
Првата мерка би била, подобро да се регулират финансиските пазари. Но пред се’ според Стиглиц станува збор за тоа, предностите од глобализацијата да пристигнат кај сите. Тоа до сега не е случај. Додека платите на менаџерите растат, работниците без посебни квалификации стануваат се посиромашни. Згора на се’ сега и светската финансиска криза. Нема страв од рецесија И токму поради тоа сега стануваат се погласни барањата да не се западе во протекционизам. Меѓу другите и од Џејмс Дајмон, шеф на американската инвестициона банка Џи Пи Морган „Глобализацијата постојано се атакува. И сигурно има мислења кои се оправдани, за кои мораме да размислиме и дискутираме. Но кога се зборува за сиромаштијата, тогаш повеќето економисти ќе потврдат дека во последните 20 - 30 години глобализацијата од сиромаштија извлече околу две милијарди луѓе."
Kongresszentrum des World Economic Forum
Конгресниот центар во ДавосФотографија: World Economic Forum
Индискиот министер за трговија Камал Нат може само да потврди. Индија профитираше од пристапот до глобалните пазари. И иако американската конјуктура слабее, нема страв од рецесија „Ние чувствуваме исто така. Но Индија е силна. Нашиот пораст не зависи од експортот туку доаѓа од внатре од сопствениот пазар.“ Во Германија постои страв од влијанието од надвор, затоа сојузната влада планира мерки со кои ќе ги заштити домашните клучни идустриски гранки од странски инвеститори. Чекор кој според Европската унија само тогаш е допустлив доколу постојат докази за загрозеност.