1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивни реакции на германското стопанство

24 мај 2005

Најавата за предвремени парламентарни избори во германските стопански кругови е примена со задоволство. Помалку или повеќе, тоа задоволство се покажа и на берзата во Франкфурт.

https://p.dw.com/p/AeOn

Политичките берзи, вели една поговорка, имаат куси нозе. Преведно, тоа значи дека најавите од политиката предизвикуваат скок на курост, но по правило тоа не трае долго. Вчера берзата реагираше оптимистички, подеднакво како и германското стопанство кое ја поздрави најавата за нови избори. Претседателот на сојузот на германската надворешна и на трговијата на големо, Антон Бернер вели:

„Мислам дека сојузниот канцелар го донесе исправното решение. Мора да се види дека кога големото мнозинство од населението се спротивставува на политиката на сојузната влада, тогаш во една демократија е логична последицата да се праша што сака народот во Германија. На тоа прашање има само еден одговор: нови избори„.

Слично мислење има и претседателот на германската комора за индустрија и трговија Лудвиг Георг Браун. Решението за нови избори е консеквентно. Германија не може да си дозволи непродуктивни дебати до крајот на идната година. Претседателот на сојузот на германската индустрија Јирген Туман се приклучува кон ваквите оценки со оценка дека се потребни натамошни брзи реформи. Меѓутоа, претседателот на сојузот за надворешна трговија Антон Бернер предупредува од избрзана еуфорија:

„Предвремени сојузни избори на почетокот не можат ништо да променат и нема да променат. Она што може нешто да промени се нови закони што ќе може да ги спроведе, се надеваме, нова влада. Ако тоа се случи, тогаш ќе значи носителите на постигањата да имаат повеќе шанси и оти ќе се намали бирократијата за фирмите да можат побргу да дејствуваат. Тогаш ќе се ослобдат големи импулси на растежот, а луѓето ќе стекнат поголема сигурност и ќе трошат повеќе„.

Но, додека се стигне до таму, ќе мине време. Економистите во Дојче банк сметаат дека најавените нови избори најнапред негативно ќе се одразат врз инвестиционата клима во Германија и ќе имаат влијание врз курсот на еврото.