1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивно, но без напредок

20 јули 2008

Меѓународните разговори за атомската програма на Иран во Женева не донесоа напредок. Иран не даде одговор на понудата за соработка од западот.

https://p.dw.com/p/EfYA
Саид ЏалилиФотографија: picture-alliance/ dpa

Иранската страна, која беше предводена од преговарачот Саид Џалили, не даде конкретен одговор на понудите на западот и јасно даде до знаење дека Техеран нема да се откаже од процесот

„ Разговорите беа конструктивни, но морам јасно да кажам. Сеуште нема јасен одговор од Иран за нашата понуда. Се надевам дека тој ќе дојде најдоцна во наредните недели„ изјави Хавиер Солана, висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ

Станува збор за понудата од средината на јуни, која се однесува на економско политичката соработка на меѓународната заедница со Иран.

Техеран сепак не ги затвора сите врати. Набљудувачите очекуваа на преговорите во Женева, иранската делегација, да ги прекине преговорите. Тоа што до такво нешто не дојде оже да се оцени позитивно.

„ Вратите за соработка се отворени, со цел да се одржи мирот, безбедноста и стабилноста на регионот„ изјави Џалили

Позитивно оценето беше и присуството на американскиот дипломат Влијамс Барнс. Ова беше прв пат по 30 години, претсавник на американските власти да седне на заедничка маса со ирански дипломати. По средбата во Женева САД упатија порака до Техеран дека мора да одлучи помеѓу соработка и конфронтација. Двете страни се договорија за повторни разговори за две недели.