1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Познати сите играчи на НБА -„Ол стар“ мечот

10 февруари 2012

Традиционалното одмерување на силите меѓу најдобрите играчи во американската професионална кошаркарска лига ќе се оддржи на 26 февруари во Орландо.

https://p.dw.com/p/141GO
И Германецот Дирк Новицки ќе настапи на „Ол стар“ натпреваротФотографија: AP

Познати се комплетните состави на екипите на Источната и Западната конференција, кои ќе настапат на ревијалниот „Ол стар“ натпревар во НБА лигата.

Меѓу резервите во тимот на Западната конференција на списокот е и Германецот Дирк Новицки, кој минатата сезона го доведе неговиот Далас Меверикс до титулата во НБА а беше прогласен и за најдобар играч на финалната серија против Мајами. Новицки меѓутоа се мачи да се врати во препознатливата форма во годинешната сезона драматично скратена поради „локаутот“ во лигата. Германецот и самиот пред три дена изјави дека со формата во која се наоѓа не заслужува место на „Ол стар“ натпреварот.

Los Angeles Lakers - Kobe Bryant, Morris Peterson
Кобе Брајант на чело на тимот на ЗападотФотографија: AP

Меч за атракција

Резерви на Западната конференција, покрај Новицки ќе бидат дебитантите Ламаркус Олдриџ (Портланд) и Марк Гасол (Мемфис), по втор пат на мечот на сите звезди ќе настапат Расел Вестбрук (Оклахома) и Кевин Лав (Минесота), а место на клупата има и за искусните Тони Паркер (Сан Антонио) и Стив Неш (Феникс).

Во стартната петорка на Западот ќе бидат Коби Брајант, Ендрју Бајнам, Крис Пол, Блејк Грифин и Кевин Дурент.

Во стартната петорка на Источната конференција се Дерик Роуз, Двај Хауард, Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Кармело Ентони.

LeBron James
Леброн Џејмс ќе го преводи ИстокотФотографија: AP

Резерви на Истокот ќе бидат дебитантите Луол Денг (Чикаго), Андре Игудала (Филаделфија) и Рој Хиберт (Индијана), како и Крис Бош (Мајами), Дерон Вилијамс (Њу Џерси), Пол Пирс (Бостон) и Џо Џонсон (Атланта).

Според традицијата стартните петорки кои настапуваат на „Ал стар“ мечот ги избираат навивачите додека клупата за резерви е избор на тренерите. Секогаш атрактивниот ревијален меч меѓу најдобрите играчи од двете коференции во НБА е зенит на возбудливиот „Ол стар“ викенд , во кој меѓудругото има и натпреварување во забивање и во шутирање тројка. „Ол стар“ викендот ќе се оддржи на 25. и на 26. февруари во Орландо во сојузната држава Флорида.

Автор:СН/БГ/мф/ртр

Редактор: Борис Георгиевски