Покер околу фискалниот пакт
12 јуни 2012Владината коалиција и опозицијата во Германија всушност на средбата на врвот, закажана за утре, требаше само да ги договорат деталите. Бидејќи за усвојување на фискалниот пакт во парламентот е потребно двотретинско мнозинство, владата е упатена на договор со опозицијата. Во Бундесратот владејачката коалиција секако нема мнозинство. Социјалдемократската партија опстојува на брзо воведување данок на финансиски трансакции.
„Бараме недвосмислен заклучок на владата, со конкретна временска рамка на примена“, изјави раководителот на работата на пратеничката група на СПД, Томас Оперман по средбата во владата.
Минатата недела стануваше збор за тоа германската канцеларка Ангела Меркел да се избори на европско рамниште за воведување ваков данок, иако за темата не постои европски единствен став. Така, Велика Британија постојано повторува дека нема да се приклучи на воведувањето на ова решение.
Политичарот на ЦДУ за буџетски прашања Норберт Бартле му контрираше на Оперман: „Однесувањето на СПД и Зелените покажа дека не сакаат постигнување согланост во текот на неделава“.
Бартле, како и неговиот колега од Либералите, Фолкер Висинг, на СПД и на Зелените им префрлуваат отстапување од веќе претходно договореното на преговорите.
Според зборовите на Фолкер Бек од пратеничката група на Зелените, вечер треба во министерството за стопанство да се направи нов обид за постигнување заедничка позиција, барем по прашањето на силна поддршка на економскиот развој и во справувањето со невработеноста на младите во ЕУ. Но, тоа нема да биде решавачко. Без обвзувачко ветување на владата, опозицијата не дава согласност за фискалниот пакт и за европскиот спасувачки чадор ЕМС, потврдува и Бек.
Дали опозицијата сака да и‘ дише во врат на владата? Или постои друго решение? По средбата во владата, шефот на кабинетот нма Меркел, Роланд Пофала сака инцијативата повторно да ја земе владината коалиција. На утрешната средба е планирано претставување конкретен документ.
Висинг конкретизира:
„Опозицијата мора да се изјасни дали сака пропаѓање на фискалниот пакт“.
Како работата ќе тече натаму, канцеларката и шефица на ЦДУ, Меркел сака да разјасни на утрешната средба. Владата притиска на истовремено усвојување на фискалниот пакт и европскиот спасувачки чадор ЕСМ уште во текот на јуни. ЕСМ треб ада стапи во сила на први јули. Експертите се единствени дека брзо ратификување на договорт од страна на Германија ќе биде позитивен сигнал кој ќе влијае и врз другите земји по ова прашање.