1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политиката меша прсти во образованието?

Милчо Јованоски 28 февруари 2009

Tри недели во Струга трае бојкотот на наставата на ученците Македонци во средношколскиот центар „Нико Нестор“.Tие бараат еднојазични, нивните врсници Албанци сакаат и натаму да учат во мешани смени.

https://p.dw.com/p/H33w
Училиштето е празноФотографија: Petr Stojanovski

Еднојазичноста се смета дека ќе ги намали тензиите и тепачките меѓу ученците.Во надминувањето на спорот посредуваат локалната власт, vладата дури и ОБСЕ. Во меѓувреме и политичарите од албанскиот и македонскиот блок замешаа прсти во случајот.

Ученците Македонци и натаму не одат на настава, а за цело време се одржуваат серија мачни разговори и преговори на кои се бара времено и трајно решение на проблемот.

„Од понеделник учениците Македонци во средното училиште „Нико Нестор“во Струга ќе започнат да одат на настава попладне, во еднојазична смена., а заради безбедноста, во училиште ќе доаѓаат заедно со нивните родители. Ова е заклучокот од последниот состанок на Училишниот советот на родителите Македонци, вели Радованка Домазетоска.

Кој треба да ја донесе одлуката?

Претседателката на Советот на родители, Вишња Дурацовска, не прецизира дали родителите на децата ќе бидат присутни во училиштето и за време на одморите, кога обично се случуваат меѓуетничките инциденти. Таа јавно праша:

„Ако министерот дал изјава, ако директорката на средношколскиот центар потпишала, ако половина од владата стоела зад еднојазичноста како решение, тогаш прашувам: кој треба да донесе дополнителна одлука?!“

Предлогот на родителите Македонци и натаму е неприфатлив за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Деновиве опозициската ДПА го обвини Мерко дека наводно го поддржувал бојкотот на наставата со цел како сопственик на приватен факултет, наскоро да отвори и приватно средно училиште. Градоначалникот Мерко, кадар на ДУИ, експресно ги отфрли овие обвинувања од локалните органи на ДПА.

Советот на родители заклучи дека професорите, родителите, МВР, ОБСЕ и сите останати релевантни фактори во Македонија треба да дадат свој придонес во воведувањето еднојазични смени.

Schule Niko Nestor
Преговорите траат...Фотографија: Petr Stojanovski

Чија е вината за проблемот?

Во меѓувреме во бројните анкети, кои се занимаваат со соживотот во Струга, вчера беше обелоденета и анкетата на невладиниот „Фонд за развој на младите “. Анкетата изминативе пет дена била спроведена врз реперезентативен примерок од 1080 лица на возраст од 18 до 30 години во Струга. Од нив 41 проценти сметаат дека за проблемот со наставата во средните училишта е виновна локалната власт, додека 20 одсто од нив вината ја лоцираат во професорскиот кадар. Триесет проценти се изјасниле дека бојкотот на наставата трајно би се решил со изградба на нов училиштен простор.