1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политиката пробува со еманципација на банките

Данхонг Жан / Александар Методијев15 ноември 2012

Банкротот на Лиман покажа дека инсолвентноста на една инвестициска банка може да ја однесе во амбис целата светска економија. Од тогаш политиката се обидува да го ограничи овој ризик, но до сега со ограничен успех.

https://p.dw.com/p/16jEW
Фотографија: Fotolia/Matthias Haas

Во моментов бизнисите на десетте најголеми банки на светот сочинуваат околу 40 проценти од економските перформанси ширум светот. Вкупната актива на Дојче банк на крајот од минатата година беше проценета на околу 84 проценти од германскиот БДП. Така една петтина отпаѓа на класичните кредитни бизниси.

Symbolbild Geldautomat Bankautomat
Банките даваат кредити така што позајмуваат пари од финансиски институцииФотографија: picture-alliance/dpa

Банката кога дава кредити, таа парите не ги добива од сопствениците на сметки кај неа, туку од финансиски институции. Коефициентот на акционерски капитал на Дојче банк долго време е околу два проценти. Со други зборови, ако се намалат два проценти од волуменот на бизнис, тогаш на банката и’ се заканува банкрот.

Дојче банк – банка со висок ризик?

Последиците за Германија и глобалната економија би биле незамисливи. Германската банка, од страна на супервизорите на финансиската стабилонст, беше сместена во најризичната категорија заедно со американските банки Ситигруп и ЏиПи Морган, како и британската ХСБЦ. Овие банки до 2019-та година мораат да го зголемат коефициентот на акционерскиот капитал за 9,5 проценти. Двете најголеми швајцарски банки УБС и Кредит сјус мораат истото да го сторат, но за 19 проценти. Една студија на Комерцбанк покажа дека владите низ светот дале десет илјади милијарди долари за да ги спасат банкарскиот сектор и светската економија од колапс. Тоа се 1.500 евра по секој човек на планетава.

Макс Оте, експерт за финансии и автор на книги, ова што се случува го оценува како „социјализам за банките и супер богатите“. Јохан Екхоф, директор на Институтот за економска политика на Универзитетот во Келн, предлага ако банките мораат да се спасуваат, „тогаш да се создадат мали единици до поделбата на банките, за да не можат да ги уценуваат владите“. Елиминацијата на универзалните банки исто така неодамна беше предложена и од експертската група на Европската комисија. Сепак, за економистот Клеменс Фјуст разделувањето на банкарскиот систем не е неопходна мерка.

Wirtschaftsprofessor Max Otte
Макс ОтеФотографија: picture-alliance/dpa

„Ако штедилниците позајмуваат многу пари од инвестициските банки, а инвестициските банки западнат во потешкотии, тогаш веројатно тие ќе ги повлечат и штедилниците во амбис“, објаснува за Дојче веле Фјуст. „Тоа значи дека вистинската поделба не би помогнала. Суштинско е како ќе се справите со инсолвентноста“.

Блиска поврзаност меѓу политиката и финансискиот свет

Symbolbild Sparen EU SParschwein
Политиката е поврзана со банкарскиот светФотографија: dpa

„Политиката тука не е вклучена затоа што целосно е во рацете на големите актери на финансиските пазари, на супер богатите или, пак, на финансиското лоби“, смета експертот по финансии Макс Оте.

Сепак, клучните политичари веднаш по нивната политичка кариера влегуваат во финансиската бранша. Најдобар пример е Чао Кох-Везер, кој се повлече од канцеларијата на финансискиот секретаријат во октомври 2005-та година, за три месеци подоцна да добие позиција во бордот на директори на Дојче банк. Критичарите забележуваат дека ваквата пракса ја отвора вратата меѓу политичарите и бизнисмените. За политичарите кои сакаат да заминат во финансискиот сектор Оте предлага грејс период од пет години.