1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичката криза во Украина продолжува

10 април 2007

По повеќечасовни дебатирања,украинскиот Парламент,кого претходно претседателот Виктор Јушченко го распушти,донесе одлука дека се согласува со предвремени парламентрани избори,но само под услов да се одржат и нови претседателски избори.

https://p.dw.com/p/Ads8
Јанукович и Јушченко-политички ривали
Јанукович и Јушченко-политички ривалиФотографија: AP

Истовремено Украинците треба да добијат можност да одлучат заа влегување на нивната земја во НАТО преку референдум.

Претседателот Виктор Јушченко нема намера да го повлече указот за распушатње на парламентот и распишување нови избори:

-Ние живееме со Господ и решаваме во духот на уставот.Убеден сум дека Украина самата може да ја заврши задачата -нови избори.

А при евентуални нови претседателски избори,Јушченко има мали шанси повторно да биде избран.Затоа тешко е да се претпостави дека тој ќе го прифати компромисот кој го нуди Парламентот.Освен тоа,од негов аспект сите одлуки кои ги донесува Парламентот сега се неважечки,зашто тој формално е распуштен.Притоа,во него при донесувањето на одлуката не учествувале ниту сите партии,туку само оние блиски до неговиот политички ривал,премиерот Виктор Јанукович.Тој ја смета пак одлуката на претседателот за нови избори за неуставна и има вложено жалба до Уставниот суд.Веројатно ,изјаснувањето на судот ќе биде на 11 април.Премиерот изјави дека ќе ја почитува одлуката на Уставниот суд,имајќи во предвид дека судиите нема да имаат храброст во овој политички спор да се стават на една или друга страна.Парламентот во меѓувреме ќе се обиде веројатно и да го принуди претседателот да прогласи вонредна состојба во Украина.Парламентарците побараа од премиерот да ги разреши министерот за одбрана и шефот на тајните служби,кои двајцата се луѓе на претседателот Јушченко.Навистина,и Парламентот има право да смени одделни министри,но претседателот има можност да стави вето на таа одлука и да ја блокира.

Се на се,во Украина не е на повидок решение на спорот за власт меѓу претседателот и премиерот.