1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичкиот дијалог меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ под знак прашалник

Борис Георгиевски14 ноември 2006

Политичкиот дијалог меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ е доведен во прашање, по последната изјава на македонскиот премиер Никола Груевски и ОНА.

https://p.dw.com/p/Adb4
Партијата на Ахмети реагира на изјавита на премиерот
Партијата на Ахмети реагира на изјавита на премиеротФотографија: AP

Најавениот политички дијалог меѓу власта и опозицијата во Македонија е доведен под знак прашање по последната изјава на премиерот Никола Груевски, кој ја нарече некогашната Ослободителна национална армија ОНА –терористичка организација.

Изјавата предизвика остри реакции од страна на Демократската унија за интеграција-ДУИ, од каде соопштуваат дека по ваквите ставови на премиерот и лидер на ВМРО –ДПМНЕ нема шанси да се одржи планираната рунда разговори со посредство на меѓународната заедница. „Ако Вие сакате да одите во штабот на ОНА нема проблем одете, меѓутоа тоа е понижување за сите граѓани на државата, ако јас отидам во штабот на милитантна терористичка организација која што вршеше убиства во тоа време. Скоро 70 македонски војници и полицајци беа убиени во тој штаб. Не се работи за селото Шипковица, јас секако некогаш ќе отидам веројатно во тоа село, но да бидам поканет и да одам во штабот на организација која со тероризам убиваше, јас ке го понижам целиот народ во Македонија ако тоа го направам, па дури и Албанците.“ изјави премиерот Груевски во последното интервју за емисијата „Еврозум“.

Мали надежи за одржување средба највуваат од ДУИ

Ахмети е навреден и разочаран од ваквата изјава на премиерот велат во ДУИ, особено откако во јавноста се создаде атмосфера дека дијалогот е можен. „Кфалификациите на господинот Груевски, популистичката конзервативна и националистичка реторика која тој ја искористи во кфалификацијата за Демократската унија за интеграција оставаат многу малку простор за надеж дека ќе има било каква средба или било каков дијалог помеѓу лидерите на политичките партии. За жал реформистичката идеологија на ДУИ не се совпаѓа со конзервативната и популистичка идеологија на ВМРО ДПМНЕ.“, изјави за Дојче Веле портпаролката на ДУИ –Ермира Мехмети.

Односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се заострија откако Груевски одлучи да не ја вклучува партијата на Ахмети во новата владина коалиција кон средината на јули годинава. Отогаш партиите меѓусебно разменија серија навреди и обвинувања.

ЕУ бара дијалог меѓу политичките партии

Во поселдиниот извештај на ЕК за Македонија токму недостатокот на политички дијалог беше потенциран како негативност во односите во земјата. И амбасадорот на ЕУ во Македонија-Ерван Фуере во неколку наврати потенцираше дека дијалогот мора да постои, со цел да се оствари консензус за клучните политички прашања за иднината на државата. Меѓународните преставници во Македонија не рагираа по последната изјава на премиерот Никола Груевски.