1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политички земјотрес по пресудата против Берлускони

ЖА/дв/дпа/афп/ртре 3 август 2013

Судиите само изрекоа пресуда против еден дрржавјанин. Но, во Италија пресудата против екс-премиерот Силвио Берлускони предизвика политички земјотрес. Можно е да дојде до распад на владејачката коалиција.

https://p.dw.com/p/19JDL
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пратениците и сенаторите на партијата Народ на слободата на Силвио Берлускони им поднесоа оставки на шефовите на пратеничките групи во знак на протест против правосилната одлука на судот со кој бившиот премиер е осуден на затворска казна. Некои партиски членови најавија подготвеност да одат кај претседателот Џорџо Наполитано и да бараат „враќање на правдата“. Италијанските медиуми јавуваат дека оставки се подготвени да поднесат дури и министрите од партијата Народ на слободата, ако не се најде решение за нивниот водач Берлускони, кому по пресудата му се заканува целосно исклучување од политичките активности.

Амнестија за Берлускони?

Шефот на партијата Народ на слободата Анѓелино Алфано во изјава за римскиот весник „Ла република“ бара некој вид амнестија за Берлускони. Алфано, кој воедно е и министер за внатрешни работи, вчера (02.08) одржа кризна средба со по која изјави: „Подготвени сме да поднесемe оставки за да го одбраниме нашиот идеал“.

Одлука за амнестија може да донесе италијанскиот претседател Џорџо Наполитано. Берлускони, кој исто така присуствувал на состанокот, а го поздравиле со овации, притоа споменал и можност за одржување нови избори.

Можен распад на коалицијата

Ако политичарите од партијата на Берлускони навистина поднесат оставки како што најавија, во Италија би дошло до распад на владината коалиција. Партијата Народ на слободата во владата има петмина министри.

Italien Wahl Wahlen Präsidentenwahl Berlusconi
По пресудата Берлускони веројатно ќе го загуби местото во парламентотФотографија: Reuters

Самиот Берлускони на пресудата на судот и изрелувањето затворска казна поради затајување данок, реагираше огорчено:

„Никој не коже да го разбере тој акт на насуилство кој ми е направен во низа од пероцеси и тужби“, изјави 76-годишниот екс премиер во видео порака. Според Берлускони, судијата бил неодговорен.

На Берлускони му е изречена затворска казна од четири години. Иако е прогласен за виновен, мали се шансите да заврши в затвор. Три гоидни се покриени со амнестија според законот од 2006 година, а за преостанатата една година Берлускони до средината на октомври ќе мора да реши дали ќе ја помине во куќен притвор или ќе ја „отслужи“ со извршување општествено корисна работа. Судот исто така наложи да се преиспита забраната Берлускони да се кандидира за било каква јавна функција во наредните пет години.