1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политички консултации во Македонија

Александар Чомовски 26 септември 2007

Лидерите на власта и опозицијата во Македонија бараат решенија за излез од ситуацијата, по инцидентите во и пред македонското Собрание.

https://p.dw.com/p/Bjy9
Парламентот денеска не заседавашеФотографија: picture-alliance/ dpa

По вчерашните инциденти, Парламентот денеска не заседаваше, а во кабинетот на спикерот на Собранието Љубиша Георгиевски на политички консултации се состанаа премиерот Никола Груевски и некои од лидерите од парламентарните партии во Македонија.