1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичко убиство на улица

АТ/ ап/ дпа/ ртр6 февруари 2013

Шокри Белаид беше критичар на владата на Тунис во која доминираат исламистите. Неговотo убиство го отвора прашањето: Дали во земјата од каде поттекна „Арапската пролет“ слободата и толеранцијата не се на завидно ниво?

https://p.dw.com/p/17Yu8
Фотографија: by-sa/Rais67

Шокри Белаид беше погоден со четири куршуми во глава и во гради пред неговата куќа во главниот град Тунис, изјави неговата сопруга за радостаницата Мозаик ФМ. Нејзиниот сопруг бил на пат кон работното место. Белаид потоа во болница им подлегна на тешките повреди. За сторителот или сторителите засега не е ништо познато.

Белаид, правник по професија беше претседател на секуларната и левоориенирана Обединета демократско-националистичка партија. Тој се сметаше за еден од најжестоките противници на владината коалиција, предводена од исламистичката Енада партија. Белаид постојано предупредуваше од насилството на исламистичките екстремисти. Премиерот на Тунис Хамади Џебали го осуди делото и оцени дека станува збор за политичко убиство. Претседателот на државата пак ја прекина посетата на Каиро.

Белаид е вториот опозиционен политичар, кој по падот на долгогодишниот властодржаец, Зине ел Абедин Бен Али на почетокот на 2011 година насилно го загуби животот.

Ermordung Shokri Belaid Politiker Tunesien
Убиството на Белаид предизвика протести во ТунисФотографија: REUTERS

Спонтани протести во повеќе градови

По убиството на Белаид во повеќе градови се одржаа протести. Само во главниот град Тунис се собраа околу илјада демонстранти пред министерството за внатрешни работи. Во градот Мезоуна во близина на Сиди Бузид беше запалена канцеларијата на валдејачката Енада партија, во Гафса демонстратите исто така ги опустошија канцелариите на партијата.

Во Тунис, пред две години започна т.н. „Арапска пролет“ и потоа се прошири во соседните земји. Сепак оваа северноафриканска земја по падот на долгогодишниот властодржец Бен Али натаму е соочена со социјални и религиозни затегнатости. Секуларните и исламистичките сили се борат за политичка превласт.