1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полициска рација во Танушевци

24 мај 2007

Неуспешен обид да се откријат канали на шверц со оружје и цигари,по што следело пукање.Лидерот на ДУИ,Али Ахмети се дистанцира од настанот

https://p.dw.com/p/Anrs
МВР-прекршоците се казнуваат неселективно
МВР-прекршоците се казнуваат неселективноФотографија: Petar Stojanovski

Полициската рација во селото Танушевци,Скопска Црна Гора, заврши неуспешно.Наместо проголем арсенал шверцувано оружје пронајдено се само две пушки.Специјалци на МВР вчера изутрина во пет часот упаднаа во ова село на границата кон Косово но не ги открија сторителите и особено каналите,главно за трговија со цигари и оружје.Претресите ги следеше и пратеникот од ова подрачје Џезаир Хоџа,екс командант на ОНА.Потоа имало рафални пукања,но без жртви:

„Имаше многу пукања, ни рекоа,полицијата,жените и децата да одат надвор,а ние прашавме зошто да излегуваме од куќите,објаснува еден од жителите на селото Танушевци.

„Ние неселективно ќе го гониме криминалот без разлика каде се прават прекршувањата на законот на сите делови на територијата на Македонија,полицијата постапува подеднакво и неселективно.Точно е дека беа чуени истрели,но до овој момент не е потврдено дали истрелите доаѓаа од територијата на Македонија или од Косово“,изјави македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Хелихоптери на КФОР до доцна попладне ја надлетуваа оваа кризна точка,а екипите на ОБСЕ од Скопје стигнаа во македонското село.

Танушевци е синоним за почетокот на воената состојба во 2001 во Македонија и секоја криза таму се следи со внимателност,особено денес,кога постои блокада во политичкиот дијалог меѓу премиерот Груевски и лидерот на ДУИ и водачот на ОНА Али Ахмети.

„Али Ахмети не е премиер,министер,началник на Генералштабот,тоа се институциите што треба да водат сметка за безбедноста и што се случува во државата.“

На ваков начин лидерот на ДУИ синоќа се огради од било каква поврзаност на инцидентот со комбинираниот притисок врз владата да се прифатат условите на ДУИ.Ахмети синоќа беше во Сарај,скопска општина со која раководи градоначалник од ривалската ДПА.Со него на собирот со месните Албанци беше и Блерим Беџети,пратеник од ПДП,кој се дистанцираше од влегувањето на неговиот партиски шеф Вејсели во владата на Груевски и остана доследен на коалицирањето со ДУИ:

„Патриотизам,Груевски води популистичка политика,а со патриотизмот мисли дека ќе стане нов Александар Македонски“,рече челникот на опозициската ДУИ,предизвикувајќи на моменти и еуфорични реакции.Ахмети синоќа најави враќање во Парламентот што поскоро откако ќе биде постигнат договор со владата,но притоа се закани,ако не бидат исполнети и тие обврски,по следното излегување од Парламентот,тој нема да се врати дома.Не одговори каде ќе оди.