1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полиција ја обезбедува седницата на општина Центар

Катерина Блажевска10 јуни 2013

На дневен ред е предлог-одлуката за ставење надвор од сила на измените на Деталниот урбанистички план за „Мал ринг" од 28.6.2012, за кои учесниците во протестот сметаат дека се однесува на црквата Константин и Елена.

https://p.dw.com/p/18muv
Фотографија: MAKFAX

Неколку стотици демонстранти предводени од граѓанската иницијатива „Веритас“ денеска повторно се собраа на протести пред скопската општина Центар и успеаја да влезат во службените простории. Повторно се исскршени прозорците на општинската барака, а овојпат урната и оградата.

Откако полицијата успеа да ги извлече демонстрантите од општинските простории, сега со кордон ја штити безбедноста на советниците кои ја започнаа седницата што беше прекината во минатиот петок.

На дневен ред е предлог-одлуката за ставење надвор од сила на измените на Деталниот урбанистички план за „Мал ринг" број 07-5020/2 донесена на 28 јуни 2012 година", за кои учесниците во протестот сметаат дека се однесува на црквата Константин и Елена и стравуваат дека таа ќе биде прогласена за дивоградба. Градоначалникот Жерновски, неколкупати повтори дека предмет на седницата не е црквата и дека се‘ што е почнато со изградба ќе биде завршено.

Денес истите ставови ги повторија и лица од општинската администрација.

„Предлог-одлуката што е на дневен ред воопшто не е поврзана со црквата во изградба“, велат тие.

Во меѓувреме се проширија шпекулации дека во обидот да се запоседнат општинските простории е повредено едно лице, но од општината демантираат.

„Никој не е повреден. Возила на итна помош се присутни превентивно, а така беше и во петокот“, велат тие.

Учесниците во протестот остануваат пред општината и со свирежи и извици се обидуваат да го попречат текот на седницата.