1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полни паричници и јасни бизнис-цели

19 мај 2010

Додека остатокот од светот се мачи да направи нов почеток по глобалната финансиска криза, Латинска Америка на глобалните пазари настапува со нова самодоверба. Европа, и среде извозникот Германија, мора да размисли.

https://p.dw.com/p/NR5T
Латинска Америка - континент во подемФотографија: picture-alliance/ Bildagentur Huber/ Uwe S. Meschede

Сликите од долги редици пред банките на Аргентина немаат ни десет години. Државен банкрот во втората по големина земја од Латинска Америка. Народот излезе на улиците. Во годините што следуваа, се чинеше дека континентот чекори надолу. Тој беше политички поделен меѓу економско-либерални и социјалистички државни водачи и речиси секогаш загрозен од растечката моќ на организираниот криминал.

Symbolbild für die Beziehungen zwischen der EU und Lateinamerika
Трговскиот биланс ЕУ-Латинска Америка е тенокФотографија: cc-OpenStreetMap-sa-2.0 / DW-Montage

Европа и Латинска Америка досега немаат потпишано ниту еден договор за слободна трговија меѓу двата континенти. Палетата производи од Латинска Америка, составена од традиционалните суровини и земјоделски производи, беше малку атрактивна. Трговскиот биланс со ЕУ, до денес, е тенок. Гинтер Мајнхолд од фондацијата „Наука и Политика“ оценува: „Уделот на Латинска Америка изнесува околу 5%. Тоа е помалку од она што ЕУ го тргува со Швајцарија. Оттука, има многу простор за работа. Потенцијал постои и тој би морало да се развива систематски.“

Суровините ја спасија Латинска Америка

На пример, потенцијалот во Бразил, на кого отпаѓаат 40% од стопанисувањето на континентот и кој уште сега е цел на најголем број инвестиции на ЕУ во Латинска Америка. Само што, недостига билатерален договор за трговија. Таков договор Европа досега има само со Мексико и Чиле.

Venezuela Hugo Chavez Wähung Abwertung
Хуго ЧавезФотографија: AP

Освен тоа, околу Латинска Америка се вртат одамна нови „заинтересирани“. Иранците и Кинезите се веќе таму, со полни паричници и јасни бизнис-цели, и...без стеснување од нови алијанси, како на пример - со венецуелскиот левоориентиран претседател Хуго Чавез. Тој ги подржави важните економски гранки, како нафтената индустрија, а влијанието му е се‘ поголемо, меѓу другото, и поради фактот дека Латинска Америка до денес носи печат на континент на екстремни социјални разлики. „Тој го поврза принципот на сувереност со концептот на солидарност, со тоа што вели - не можеме од општествените текови систематски да ги исклучиме големите општествени групи“, вели Мајнхолд.

Латинска Америка во последните години профитираше од бумот на суровини. Добивките од бакарот или од нафтениот бизнис, навремено ги стабилизираа билансите од глобалната криза. Дали сето тоа во иднина ќе води до поголема праведност, или само до поголем пораст во тој дел на светот, зависи, меѓу другото, и од Европа.

Автор: Патрик Бенинг/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска