1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Положани на дебата во УНЕСКО

Тони Гламчевски14 октомври 2005

Познавањето на повеќе јазици кои се зборуваат во Македонија, иден критериум за вработување, со цел да се наметне граѓанска логика на општеството

https://p.dw.com/p/AeUH
УНЕСКО минатата недела одбележа 60 години постоење
УНЕСКО минатата недела одбележа 60 години постоењеФотографија: Montage/dpa

На тркалезната министерска маса организирана од УНЕСКО, посветена на базичната наука како основа за развој на другите науки и на еконочијата во целина, , во Париз, учествува и македонскиот министер за образование на Република Македонија, Азиз Положани.

За местото на македонската наука во однос на другите, тој вели:

„Ценам дека во однос на регионот и соодветниот пристап и промоција на Македонија во овој контекст не е така лош.“ Македонскиот министер сепак признава дека со започнувањето на реформите, посебно во однос на изворите за финансирање на науката, Македонија заостанува ако се споредува со европските норми од 3% БНП, посветен на науката и скоро целосното отсуство на приватниот сектор во научно-истражувачката дејност.

За актуелниот тек на реформите во системот на образованието и неговата децентрализација, Положани вели:“Јас бев свесен дека многу полесно ќе се дојде до прифаќање на легалната законодавна норма во парламентот, отколку нејзината примена во практика.“

Тешкотиите не се само од недостиг на средства, туку многу повеќе од :

“Неподготвеноста да се прифати менување на менталитетот во однос на инерцијата која беше наметната во образованието со политиката, која беше многу присутна. Знаете, ние освен децентрализацијата наметнавме некои решенија, кои се во функција на деполитизација. “

Децентрализацијата е важна не само за министерството за образование, туку и за целата македонска влада, додава Положани, бидејќи:

“Таа е една од нашите внатрешни потреби, но и индикатори врз кои ќе се мериме од аспект на приближување кон Европската Унија. Со неа се мери и практичната, а не само законската имплементација на Охридскиот договор.“

Почетокот на крајот на процесот на децентрализацијата се очекува во 2007, со втората фаза. Според него, образованието е динамична материја, која бара постојано прилагодување. Зборувајќи за важноста на изучувањето на странските јазици од учениците и студентите во Македонија, што според Положани може само да придонесе за нивната мобилност. Во Македонија сега се наметнува и потребата за изучување на јазиците на другите малцински етнички заедници за нивно подобро меѓусебно разбирање.“Мислам дека тоа се наметнува како тема, која сама по себе е јасна, ако се имаат во предвид одредбите од законот за локална самоуправа и уставот“.

Затоа, минатата година беше воведено факултативното изучување на јазиците на заедниците кои се наведени во Уставот.

“Тоа не е доволно, како факултативно. Се прават анализи и имаме иницијативи од асоцијации и проекти дека ќе треба да се зголеми изучувањето на овие јазици, посебно на албанскиот, на ниво на изборен јазик. Тој понатаму ќе им служи во цивилното општетство и институциите, каде повеќе нема да биде услов за вработување етничката припадност, туку познавањето на јазикот без разлика на етничката припадност на тој кој што го зборува, за да се наметне една граѓанска логика за организација на општеството и да се избегне непотребната етнизација.“

Зборувајќи за изучувањето на мајчиниот јазик од децата чии родители се по потекло од Македонија и сега живеат во странство, без разлика дали се Македонци, Албанци или од други заедници, македонскиот министер за образование, посочи дека таа можност е ограничена, најмногу заради недостигот на финансиски средства. Затоа, тој советува да се изнајде посоодветен начин за користење на можностите на земјите домаќини, во рамките на нивните социјално-образовни програми.