1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полската влада пред криза

10 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BEMQ
Можна е криза во полската влада откако премиерот Јарослав Качински го смени потпретседателот и министер за земјоделие Анжеј Лепер поради сериозни индиции дека е вмешан во криминал, а од истите причини и министерот за спорт Томаш Липејца сам поднесе оставка. Постои сомневање дека двајцата министри се вмешани во голем скандал за земање мито од 800 000 евра. Партијата на министерот Лепер, Самоодбрана најави излегување од владината коалиција. Без нивните пратеници, владеачката партија Право и правда само со националистите од Лигата на полските семејства, го губи мнозинството и во двата дома на Парламентот