1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска би можела да биде во фокус на исламскиот тероризам

15 март 2004
https://p.dw.com/p/AcOz
Ирак
ИракФотографија: AP

И во Полска е голема загриженоста од терористички напади. Пред се, затоа што полската армија учествува на страна на САД во војната против Ирак и од август минатата година ја презеде командата над мултинационалната дивизија во Ирак.

Поради тоа Полска би можела да биде во фокусот на исламскиот тероризам вели шефот на тајната служба Збигњев Сиематовски.

”Ние сме сојузници на САД. Ние сме политички и воено многу присутни во заливот. Одговорни сме и за воен сектор во Ирак. Не сметаат за сојузници на САД. Поради тоа ние сме таканаречена ”мека цел”. Тоа значи дека ако терористите не можат да ја постигнат својата главна цел можат да отстапуваат и да трагаат по таканаречените меки цели - Шпанија, Италија и за жал можеби и Полска. Мораме да сметаме со тоа дека не сме само потенцијална хипотетична цел туку и вистинска цел. Затоа треба да размислиме”

Можен термин за евентуален терористички напад на Полска би бил крајот на април кога во Варшава е планиран Европскиот економски форум. Мерките за безбедност веќе сега се одвиваат на големо.

Најпрво организаторите се плашеа од протести на противниците на глобализацијата, но сега стравот од терористички напади е на прво место.