1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска ја поддржува Македонија кон ЕУ

Елена Петреска6 април 2006

Македонската министерка за надворешни работи Илинка Митрева од своите домаќини во Варшава побара лобирање за прием во НАТО и ЕУ

https://p.dw.com/p/Adea
Полска-лобист за Македонија на патот во ЕУ
Полска-лобист за Македонија на патот во ЕУФотографија: dpa - Fotoreport

Македонските граѓани од први мај ќе можат да патуваат во Полска со бесплатни визи.Македонија заслужува да се третира како европска држава и затоа треба што поскоро да се урнат визните бариери,образложи полскиот шеф на дипломатијата Стефан Мелер по средбата со колешката од Македонија,Илинка Митрева,која денеска ја заврши дводневната посета на Варшава.

Двајцата потпишаа договор за реадмисија,со што Полска стана осмата европска земја која го гарантира враќањето на евентуалните илегални бегалци од Македонија,услов што Брисел го поставува за либерализација на визниот режим

-Потпишувањето на договорот за реадмисија игра многу важна улога бидејќи земјите кои имаат статус на кандидат за ЕУ треба да го исполнат тој услов,рече Мeлер.

Митрева,чија задача беше да лобира за македонсите евроатлански интеграции,ја добри бараната поддршка.Полска е приврзеник на проширувањето на Унијата и целосно ја поддржува Македонија за нејзиното членство во ЕУ,но тоа е политичка одлука,посочи нејзиниот колега Мелер.

- На тој пат драгоцено ќе ни биде полското искуство.Затоа го замолив мојот колега доколу може полски експерти да дојдат во Министерството за надворешни работи на Македонија и да ги споделат со нас нивните искуства за приближувањето кон НАТО и кон ЕУ,изјави Митрева.

Македонија заслужува да се третира како европска држава,затоа што поскоро треба да добие датум за преговори за членство во ЕУ,и порачаа полските политички авторитети на македонската министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Полскиот претседател Лех Качински вети-Македонија може да смета на уште посилна поддршка во евроинтегративните процеси,а претседателот на Сејмот,Марек Јурек надополни дека Европа мора да се прошири ако сака добро да функционира.Двајцата се согласија со Митрева дека најголемата гаранција за стабилноста на Балканот е членството на државите од регионот во ЕУ и во НАТО.

Полска е силна земја во Алијансата и може да лобира за Македонија на самитот во Рига кон крајот на годината,порача шефицата на македонската дипломатија:

-Ја бараме натамошната поддршка на оваа пријателска земја,се разбира дека на дневен ред се и билатералните односи ,економската соработка и довршувањето на договорната рамка.

Од Полска,земјата која што минатат година со официјалното признавање на уставното име го потврди пријателството со Македонија,таа заминува за Виена,на австриските претседавачи со Унијата ќе им порача дека во Европа треба да има место и за Македонија.