1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полувреме на шредеровиот кабинет

18 август 2004

Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска пред новинарите во Берлин повлече биланс од половината на легислативниот период на неговата влада. Тој се осврна на повеќе значајни прашања од внатрешната и надворешната политика. Шредер истакна дека за започнатите реформи во земјата нема алтернатива.

https://p.dw.com/p/AcLp
Герхард Шредер: реформите немаат разумна алетрнатива
Герхард Шредер: реформите немаат разумна алетрнативаФотографија: AP

Германскиот канцелар Шредер во врска со растечките протести против реформите на пазарот за работа, искажа разбирање за страхувањата на погодените:

“Сакам јасно да кажам дека имам разбирање кога една фундаментална реформа предизвикува страхувања кај луѓето кои се плашат дека таа ќе им донесе проблеми. Во многу слачи, рече канцеларот, тие неопарвдано страхуваат, но тоа води сепак кон протести. Во една демократија тоа право се подразбира. Меѓутоа, не смее да се извлекуваат паралели со отпорот против еден диктаторски режим. Овде станува збор за демократски процес. Јасно кажувам и овде и во кабинетот, дека она што е решено ќе

биде спроведено без отстапки, изјави германскиот канцелар.

Тој критикуваше што делови на партиите на Унијата и Партијата за демократски социјализам од страхувањата на луѓето сакаат да стекнат изборен профит. Овој, како што го нарече “сојуз за спречување“ и наштетува на Германија.

Во врска со ниските проценти на неговата партија во анкетите и за можната внатрешна поделеност во партијата, Шредер рече:

“Секако дека сум загрижен. Но, морам да потсетам дека она што го правиме сега, она што го направивме на меѓународен план и во нашето општество е неопходно и убеден сум дека за Германија не постои друга разумна алтернатива“.

Во надворешно-политичкиот дел на неговиот биланс, Шредер го истакна ангажманот на земјата на Балканот, во Авганистан и во стабилизацијата на Ирак:

“Мислам дека не само ова лето стана јасно оти Германија меѓународно е почитуван партнер. Постои голема доверба во нашата надворешна и безбедносна политика. Ние сериозно ја преземаме нашата одговорност на Балканот и во Авганистан, а во мерата што ја сметаме за исправна и соодветна, и во стабилизацијата на Ирак. Поканите во Нормандија или во Полска покажуваат дека ни успеа да затвориме дел од повоената историја и тоа во форма што се респектира кај оние што спроведуваат и ја пишуваат надворешната и безбедносната политика“.

Осврнувајќи се на актуелностите во Европа, Шредер најави колку што е можно побрза ратификација на уставниот договор, онака како што предвидува уставот:

“Ние сме заинтересирани за стабилно партнерство меѓу проширената Европска унија и Русија. Што се однесува до надлежностите на германскиот комесар Гинтер Ферхојген, мислам дека сојузната влада може да биде многу задоволна. Тој има исклучителна улога во подрачјата што ние ги сметаме за посебно важни“, рече, меѓу другото, канцеларот Шредер во билансот за половината од легислативниот период на неговата влада.