1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полуфинале на ЕП

30 јуни 2004

По дводневна пауза, продолжуваат возбудувањата на ЕП во фудбал во Португалија. Големиот вечерашен полуфинален дуел меѓу репрезентациите на домаќинот Португалија и Холандија ќе го даде првиот финалист.

https://p.dw.com/p/AcMb
Холандски навивачи
Холандски навивачиФотографија: dpa

И двете репрезентации, под голем притисок и желба за успех вечерва влегуваат во мечот да се биде или не дел од големото финале на ЕП. Ќе успее ли домаќинот Португалија конечно во третиот обид да избори пласман во финалето? Холандија, по петти пат е во полуфинале и се надева на повторување на големиот успех од 1988 година кога стана европски шампион.

Холандија, во досегашните осум дуели, само еднаш славела против Португалија. Селекторот на лалињата, Дик Адвокат, смета дека токму притисокот врз Португалците како домаќини да обезбедат место во финалето, е нивна шанса за успех. Тој би сакал во вечерашниот натпревар, да не настапи Луис Фиго, кој предвреме беше заменет во четвртфиналниот натпревар.

Португалскиот ас со насмевка на лице изјави, дека Aдвокат за оваа негова желба треба да поразговара со неговиот тренер, Луис Фелипе Сколари.

Еден од најдобрите во Португалскиот тим, напаѓачот Деко смета дека тие се подобар тим, тој искрено се надева дека ќе успеат и ќе се пласираат во финалето

Според холандската легенда, Јохан Кројф, лалињата на ова првенство досега не ја прикажале вистинската игра, ќе имаме проблеми со Португалците, кои од меч во меч играат подобро но се е можно, изјави Кројф

Во меѓувреме германскиот фудбалски сојуз како да го најде решението за наследник на Руди Фелер. Со најголеми шанси е тренерот на Баерн од Минхен Отмар Хицвилд, кој минатиот викенд разговарал со претседателот на германскиот фудбалски сојуз Герхард Маер Форфледер. Деталите за договор се расчистени, но треба уште малку време, изјави Хицвилд

Подолго сум во контакт со Маер Форфледер, исто така се сретнавме и водевме неколку разговори, но решението не е сеуште донесено. Се договоривме уште една недела да расмислувам и тоа време сакам на мира да го искористам, вели Хицвилд