1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поместување од мртва точка

31 март 2011

Десет компании и конзорциуми влегуваат во трка за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште во Македонија. Се работи за важен енергетски проект.

https://p.dw.com/p/10lRe
Да се искористи потенцијалот на рекитеФотографија: Zlatko Kalinski

По пет неуспешни обиди да се привлечат инвеститори, најголемиот енергетски проект во Македонија конечно се помести од мртва точка и влегува во втора финална фаза.

Која од компаниите ќе ги гради двете централи на Црна Река по пат на јавно приватно партнерство со Електрани на Македонија ќе се знае на крајот на јули до кога треба да се достават финални понуди. Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека во услови на сериозна конкуренција, Македонија ќе добие еден од најголемите проекти во областа на енергетиката кој ќе биде значаен не само од енергетски, туку и макроекономски аспект.

Mazedonien Land und Leute
Хидроцентралата Матка кај СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Во трка се шест компании, по една од Велика Британија, Италија, Чешка и Грција и две од Австрија. Два од четирит конзорциуми се од Кореја, односно Кина и Исланд. Владата овој пат значително ги олесни условите за потенцијалните инвеститори. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека не е важна цената на проектот туку моќноста на двете хидроцентрали. Според проценките на консултантите, целиот проект ќе чини меѓу 600 и 700 милиони евра.

Mazedonien Land und Leute
Фотографија: Petr Stojanovski

Подготвителните активности за реализација на проектот ќе ги реализира АД ЕЛЕМ-Државни електрани. Директорот Влатко Чинговски објаснува дека ЕЛЕМ ќе учествува во подготвителните активности, пристапните патишта, експропријацијата на земјиштето, подготовка на теренот, изградба на трафостаници и приклучување на објектите на мрежата.

На тендерот за проектот Чебрен и Галиште овој пат не е пријавена германската компанија РВЕ која откако во изминатите четири години неколкупати се обиде да го добие тендерот иако имаше најдобри понуди од нејасни причини се повлече. Инаку реализацијата на проектот стар децении треба да ја намали зависноста од увоз на струја во Македонија.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска