1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помошници меѓу фронтовите во Сирија

Денис Штуте/ Симе Недевски30 август 2012

Хуманитарната ситуација во Сирија е катастрофална. Работата на хуманитарните организации ја отежнуваат завојуваните страни, а помагачите ги ризикуваат своите животи. За тоа денеска расправа Советот за безбедност ОН .

https://p.dw.com/p/1604U
Фотографија: picture-alliance/dpa

Јасно видливата полумесечина на црвената униформа не можеше да го заштити. Во една акција во сириската провинција Деир Езор е убиен 23-годишниот хуманитарец Башар ал-Јусуф. Од почетокот на конфликтот Црвената полумесечина изгуби 5 члена - кој ги убил, во ниту еден случај не излезе на виделина.

И покрај големата опасност сирискиот оддел на Црвениот крст е активен и на местата во кои се водат жестоки борби, каде хуманитарците се грижат за илјадници бегалци, на кои им се наоѓа привремено сместување, како што се локалните училишта.

Одделни акции во меѓувреме се невозможни, нагласува Хичам Хасан, портпарол на Меѓународниот комитет на Црвен крст во Женева и додава: „Една од главните задачи, која е од витална важност, е давањето прва помош. Но сириската Црвена полумесечина мораше минатите 2 или 3 недели да ја запре итната помош во Алепо, затоа што безбедноста на хуманитарците стана проблематична.“

1,5 милиони луѓе во бегство

Syrien Flüchtlingslager Roter Halbmond Yayladagi
Фотографија: AP

Колку навистина е тешка работата на помагачите, покажуваат и бројките на Светската програма за храна на ОН. Според тие податоци, во јули околу 850.000 луѓе требале да добијат прехранбени пакети, но поради константните борби пакетите стигнаа до 541.000 луѓе. Помошта е, меѓутоа, и повеќе од потребна, истакнува портпаролката на Светската програма за храна на ОН, Абер Етефа. „Ситуацијата се менува од ден на ден. Овие денови за жал немаме среќа да стигнеме до местата каде е потребно да пратиме храна или пружиме друга хуманитарна помош, единствено поради тоа што, на пример, многу тешко да ги увериме и возачите на камиони воопшто да возат во погодените места“, кажува Етефа.

А бранот на бегалци се‘ повеќе се движи кон соседните земји, каде засолниште побарале повеќе од 200.000 луѓе. Според проценките на ОН, околу 1,5 милиони луѓе во Сирија се во бегство. Освен директните воени последици, доаѓаат и оние индиректните, на пример за фармацевтската или земјоделската индустрија.

Без помош од Советот за безбедност на ОН?

Syrian Red Crescent staff unload sacs of food at a distribution centre for internal displaced people on July 23, 2012 in Damascus. As tens of thousands of Syrians flee escalating war and chaos, the EU looked at ways of boosting humanitarian relief and beefed up sanctions and an arms embargo against the regime Monday. AFP PHOTO/ STR (Photo credit should read STR/AFP/GettyImages)
Фотографија: AFP/Getty Images

И организациите блиски на режимот на Асад сметаат дека на Сирија и‘ е потребна секоја меѓународна помош која може да се добие. Така барем порачуваат од хуманитарната организација "Syria Trust for Development", со која претседава сопругата на  претседателот на Сирија Башар ал-Асад, Асма, но нагласува дека во секој табор има луѓе кои ја искористуваат лошата хуманитарна ситуација. Хуманитарните организации упатуваат апел до владините, но и до бунтовничките сили. Меѓутоа, често недоволно успешно, вели Хаим Хасан: „Повеќе пати добивме позитивни одговори дека можеме да влеземе во одделни места во Сирија за да помогнеме, но проблемот е во тоа што борбите сепак продолжуваат.“
Помош од ОН најверојатно нема да стигне, бидејќи се очекува поради генералното противење на Русија и Кина и оваа седница на Советот за безбеддност на ОН да помине без соодветна резолуција, која малку ќе им ја олесни работата на хуманитарните организации.