1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Попком ” првпат во Берлин

29 септември 2004

Во Берлин денеска почнува најважниот меѓународен саем на музичката индустрија – Попком. До петок своите новитети ги претставуваат 663 излагачи од 41 земја. Саемот се одржува првпат во главниот град на Германија, а придружуван е од фестивал во чии рамки во повеќе од 30 клубови, 1 200 музичари ќе понудат повеќе од 400 часови музика во живо. Освен тоа, експертите и публиката ќе дискутираат околу променетиот однос

https://p.dw.com/p/AeVE
Една од најпознатитегермански групи "Fantastische Vier"
Една од најпознатитегермански групи "Fantastische Vier"Фотографија: Popkomm

кон музиката и нејзиното дејство, како на пример интернетот и музиката, авторските права или квотите за германската поп музика на радио програмите.

”Мувин мјузик” – гласи мотото на овогодинашниот Попком, првиот што се одржува во Берлин. Во музичката брашна нешто се движи. Профитот од Це де-а во изминатите години падна за 40%. Песните се симнуваат од интернет, а браншата тешко се прилагодува на ваквиот тренд. Но, како што велат организаторите на 16-от Попком: времињата на жалење се минато. Сега повторно се оди напред. Најголемиот германски саем на поп музиката го напушти Келн и сега првпат се одржува во Берлин. Раководителот на фестивалот, Ралф Клајнхенц, вели:

”Се радуваме поради бројот на излагачи – 663 и 1 454 фирми присутни на саемот. Има дури и листа на чекање. За разлика од минатата година, сега бројот на земји учеснички е двојно поголем – од 26 се зголеми на 41.”

Попком има три столба: саем за стручњаците од браншата, конгрес со дебати за контроверзни теми, како интернет, заштита на авторски права и квоти за германската мусика на радио, и трето, се разбира, изведување музика во живо. На сцена ќе можат да се видат германски познати групи како ”Фетес брот”, ”Шпортфројнде Штилер” и ”Фанатастишен фиер”. Катја Битнер, раководител на Попком, вели дека за нејзе саем е незамислив без музика:

”Имавме голем предизвик – на една бранша која не е многу заинтересирана за саеми да и понудиме платформа. Музиката и уметниците не се стока. Моравме да најдеме комбинација во која бизнисот ќе стои во прв план, но ќе се одвива во пријатна атмосфера.”

На саемот се очекуваат околу 15 илјади стручњаци од браншата и уште повеќе луѓе пред поставените сцени во градот. Сосема свесно музиката од улица е повторно пренесена во клубовите, вели главниот човек на Попком, Дирк Шаде. Пријавени се 1 200 музичари. Хип-хоп зѕвезди како ”Ајс ти”, ”Африка ислам” и ”Африка Бамбаата” се здружија во олстар бенд ”Д* Машин”. Многу меѓународни ѕвезди ќе настапат во речиси интимна атмосфера:

”Филозофијата на фестивалот ја тангира основната клетка на музиката – клубовите. Се разбира дека техниката на која што се снима музиката во последните години е драстично променета. Но, едно не се измени – вистинските сеирозни уметници мора да се негувата, да израснат како билки и да станат големи во клубовите. Таму се создаваат навистина големи имиња во браншата. 90% од овие уметници ги почнаа кариерите во клубови.”

По многу турбуленции од изминатите години, неофицијалното мото гласи – браншата се наоѓа себе си и се враќа кон корените: кон добрата музика која се одвива на мали сцени. Квалитетот, во тоа се сигурни организаторите на Попком, ќе ги надживее интернет ударите и телевизиските серии како ”Германија бара суперѕвезда.”