1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски во дводневна посета на Брисел

СН/ЕМФ/миа/макфакс11 април 2012

Шефот на македонската дипломатија во Брисел ќе учествува на конференцијата „Балканот на патот кон европската интеграција“, а ќе има и средби во Еврокомисијата и Европарламентот.

https://p.dw.com/p/14bOx
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола ПопоскиФотографија: DW

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре (11/12.04) престојува во работна посета на Брисел. Во рамките на посетата, министерот Попоски ќе учествува на конференцијата организирана од страна на Групата на Европските народни партии во Европскиот парламент, насловена „Балканот на патот кон европската интеграција.“ Конференцијата е под покровителство на претседателот на Групата на Европските народни партии Жозеп Дол. Меѓу учесниците ќе бидат и премиерот на Албанија, Сали Бериша, како и Вјекослав Беванда, претседател на Советот на министрите на Босна и Херцеговина.

Министерот Попоски се очекува да оствари средба и со Генералниот директор за проширување во Европската комисија, Стефано Санино, на која ќе стане збор за понатамошните активности и чекори во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ

Во Европскиот парламент предвидени се средби со повеќе европратеници, меѓу кои и известувалот на ЕП за Македонија, Ричард Хауит.