1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: Грција повторно ја префрла топката во туѓ двор

БГ/миа4 декември 2013

Шефот на македонската дипломатија реагираше на соопштението од грчкото МНР во кое се наведува ставот дека Македонија не е дел од НАТО поради тоа што не ги исполнува условите

https://p.dw.com/p/1ASzJ
Фотографија: AP

Грција повторно ја префрла топката кај земјите-членки, е коментарот на македонскиот министер за надворешни рaботи Никола Попоски даден по состанокот со Северно-атлантскиот совет на НАТO денеска во Брисел.

Грчкото МНР претходно соопшти дека министерот Евангелос Венизелос на своите колеги шефови на дипломатиите на земјите-членки на Алијансата има порачал дека Македонија не влегува во НАТО поради неисполнување на критериуми, а не поради билатералните односи со Грција.

- Сметам дека не е првпат да се има тенденција од страна на нашиот јужен сосед да се префрла топката од едно класично попречување и прекршување на меѓународно- правната рамка што е воспоставена со Времената спогодба на ниво на целата Алијанса. Тоа е бегање од одговорноста, префрлајќи ја топката кај останатите земји-членки. По пресудата на Меѓународниот суд на правдата, многу е јасно лоцирана причината за таквото однесување и тоа е единствениот релевантен и независен извор за тоа каде треба да се изнајде решението, вели Попоски.

-Грчките позиции за проширувањето на НАТО, особено во однос на предусловите за членство на Македонија во Алијансата, се апсолутно јасни и повеќе се поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со грчко-македонските билатерални односи, се наведуваше во објавеното соопштение на грчкото МНР.

Шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, денеска изјави дека е можно и Македонија да стане членка на НАТО на Самитот на Алијансата следната година. Според Пусиќ, следниот Самит ќе биде за проширување, за што се избориле со земјите-членки, при што според неа земји кои аспирираат на следниот Самит во Британија да стекнат полноправно членство се Црна Гора, но и Македонија.

Evangelos Venizelos
Евангелос ВенизелосФотографија: Reuters

„И покрај заклучоците на Самитот во Чикаго дека е тоа последен Самит без проширување, постоеше тенденција тоа да се заборави во Алијансата, но, успеавме оти е прерано да се каже дека никој не е подготвен да стане нов член“, рече Пусиќ.