1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: Наскоро одговор на грчкиот меморандум

СН/БГ/миа/макфакс1 ноември 2012

Во македонскиот одговор на октомврискиот предлог меморандум на Грција се бара неселективно почитување на сите обврски преземени од минатото и целосна посветеност на дијалогот, кој Македонија сака да го има со Грција.

https://p.dw.com/p/16azh
Фотографија: AP

Македонските власти набргу ќе одговорат на предлог-меморандумот за разбирање испратен од официјална Атина во минатиот месец , најави денеска на пресконференција шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Тој притоа побара д Грција на неселективен начин да ги почитува преземените обврски и целосно да се посвети во дијалогот со Македонија. Според Попоски во интерес на Атина е да придонесе за интегрирањето во Европската унија.
„Веќе е одговорено принципиелно и по линиите на она што е наше размислување. Формалниот одговор ќе следи многу брзо. Мислам дека тоа што е значајно во овој контекст е дека мораме да се фокусираме на она што значи главна порака или главна идеја во рамки на заедничката цел, односно интегрирање во ЕУ, а тоа е да ги почитуваме определените правила и норми и да се базираме на неселективен начин на она што е воспоставена обврска и воспоставена релација. Од страна на Република Македонија ќе се потрудиме максимално позитивно да одговориме на секоја идеја и иницијатива за приближување кон таа заедничка идеја, а тоа е интегрирањето во Европската унија и мислам дека секоја земја од нашиот регион, особено Република Грција, има интерес да придонесува кон реализација на таа идеја. Доколку се согласиме околу тоа, мислам дека во голема мера ќе се олесни и комуникацијата на сите нивоа. Мислам дека практично на ниво на граѓани, на ниво на бизниси, соработката се одвива на одлично ниво. Тоа што треба да го рефлектираме е да бидеме искрени и посветени на онаа заедничка агенда во следниот период и во таа насока гледам на можноста да имаме определена соработка во тој дел и почитување на неселективен начин на сите оние обврски преземени во минатото и целосна посветеност во дијалогот што сакаме да го имаме“, рече Попоски.
Прашан за предлогот на Европската комисија за почеток на пристапните
преговори со Македонија, а решение за спорот со името да се изнајде во
раната фаза од нив, Попоски побара македонската интеграција во ЕУ да се
одвива согласно предвидените правила. Смета дека не е во интерес на Брисел
да ги комбинира билатерални проблеми со интегративниот процес.
„ Фактот што имате заедничка цел, а тоа е членство во ЕУ треба да биде
дополнителен фактор за олеснување на кои и да се билатерални потешкотии.
Само на тој начин се надминати сите билатерални прашања кои постоеле во сите претходни процеси на проширување. Не смееме да дозволиме такво правило и таков пристап да биде прекршен во овој случај“, рече Попоски.