1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поради европската криза се‘ повеќе доселеници во Германија

ЕМФ/афп16 мај 2012

Доселувањето во Германија во 2011 година било најголемо од 1996 година досега. Причина за се‘ повеќе луѓе од европските земји да бараат „спас“ во Германија е - кризата!

https://p.dw.com/p/14wNU
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во текот на изминатата година во Германија се доселиле 958.000 луѓе, или 160.000 повеќе отколку во годината претходно, соопшти денеска (16.05) Сојузниот завод за статистика. Најмногу доселеници има од земјите на Европската унија. Од ЕУ во текот на 2011-та дошле 138.000 доселеници повеќе отколку во 2010-та. Тоа е зголемување за 34 проценти. Притоа, најмногу доселеници има од европските земји во криза. Од Грција дошле дури 90 проценти повеќе луѓе отколку во 2010-та година, а од Шпанија 52 проценти повеќе.

Од земјите кои во 2004 година и‘ се приклучија на ЕУ, во изминатата година дошле 75.000 луѓе повеќе отколку во годината пред тоа, или 43 проценти повеќе. Статистичарите оценуваат дека зголемувањето се должи на тоа што во мај 2011 година паднаа и последните ограничувања за овие граѓани на пазарот на работна сила во Германија. Најголемо зголемување бележи бројот на доселеници од Полска (плус 49.000) и Унгарија (плус 12.000).

Од останатите европски држави, кои не се дел од ЕУ, бројот на доселеници е само малку зголемен. Доселувањето од Азија е зголемено за 11 проценти, од Америка за десет проценти, а од Африка за само еден процент. Речиси две третини од странските доселеници се доселиле во германските покраини Северна Рајна Вестфалија, Баварија, Баден Виртемберг и Хесен.

Deutschland Einwanderung Symbolbild
Фотографија: Becky Stares/Fotolia.com

Што се однесува до луѓето што ја напуштиле Германија, во 2011 година бројот се зголемил за осум илјади во споредба со 2010-та. Имено, земјата ја напуштиле 539.000 странци и околу 140.000 Германци.