1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Порадо се купува отколку што се штеди

ЕМФ/ард26 јуни 2013

Германците се се‘ порасположени за трошење пари. Индексот на потрошувачката клима ГфК во јуни се зголемил за 0,3 мерни единици и изнесува 6,8 поени. Тоа е највисока вредност од септември 2007 година.

https://p.dw.com/p/18wsu
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Причините за оптимизам се очигледни“, оценува Ролф Биркл, кој работи на индексот на потрошувачката клима ГфК. „Додека многу евро-држави мора постојано да пријавуваат се‘ повисоки стапки на невработеност, во Сојузната република, како единствена земја во Европа, има значително понизок број невработени отколку пред кризата во 2007 година.“

Добрата клима на пазарот на работна сила води до тоа да се зголемува надежта на граѓаните, кои имаат повеќе пари на располагање. Подготвеноста да се трошат пари за големи издатоци малку е намалена, но индексот сепак и натаму е многу висок. „Штедењето, поради историски ниските камати, во моментов не е атрактивно“, нагласува Биркл. „Граѓаните се подготвени да трошат повеќе и на подолг период.“ Тоа се гледа, на пример, во сферата на недвижности, каде финансирањето на изградбата е под многу поволни услови.

Konsumklima in Deutschland verbessert sich
Фотографија: picture alliance/dpa

Поплавите во Германија не променија ништо во позитивното расположение на потрошувачите. Искуството од поплавата во 2002 година покажува дека луѓето погодени од катастрофата потоа трошат пари за поправки и за нов мебел, што исто така е поттик за потрошувачката.