1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораките на Нуланд се толкуваат различно

Александар Чомовски9 ноември 2007

Американската амбасадорка во НАТО, Нуланд во Скопје донесе јасни пораки и листа на обврски кои треба да се исполнат за да се заработи членство во Алијансата. Како пораките ги примија политичките партии во земјата?

https://p.dw.com/p/C5pW
Нуланд со ГруевскиФотографија: Macedonian Information Agency

Пораките на влијателната Американка од Брисел,Викторија Нуланд,предизвикаа различно толкување во Македонија.Тие се интерпретираат од студен туш,до стимулација Македонија да добие покана за членство во НАТО по самитот во Букурешт.

На претседателот Црвенковски таа наводно му рекла дека американскит претседател Џорџ Буш сака да ја види Македонија во НАТО,но сепак таа е сега последна по шансите од земјите од Јадранската тројка.Само два часа по објавувањето на ова соопштение од кабинетот на Црвенковски,на индиректен и брз начин се огради од ваквото читање на нејзините пораки:

„Нема да ги рангирам претендентите за членство.Тоа не е корисно,пораката на загриженост е дека Македонија сеуште има работа која треба да ја заврши“ изјави Нуланд во Универзитетот.

Според неа,Македонија треба да спринтува во финишот,во последните две милји пред целта.Таа ги наброи владеење на правото, реализација на Мајскиот договор,Охридскиот рамковен договор,законот за користење на албанскиот јазик,имплементација на новите решенија за полиција.

Шефот на опозиционата СДСМ,Радмила Шекеринска по средбата со амбасадорката на САД во НАТО реагираше со толкување дека од државата едноставно се бара обврските кои ги презела и да ги реализира.

САД не бараат ново име или решение на спорот до самитот на НАТО,Нуланд притоа ја поздрави посветеноста на премиерот Никола Груевски на решавањето на спорот околу името со Грција.

Индикативен беше неговиот омекнат став по средбата со Нуланд.

„Ние и понатаму многу ќе инвестираме во продолжување на разговорите,за надминување на спорот со името во Њујорк.“

Државно владиниот врв инаку најверојатно ќе иа уште една средба пред посетата на посредникот во спорот со името од ОН,Метју Нимиц на Скопје.