1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поранешната вице премиерка под силен политички притисок

Александар Чомовски6 октомври 2006

Поранешната вице премиерка Радмила Шеќеринска под силен притисок. Едно од обвинување доаѓа од страна на владата за нетранспарентно трошење на странската помош.

https://p.dw.com/p/Adbt
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Во изминативе два дена поранешната вице премиерка Радмила Шеќеринска е под силен притисок од новата власт. Најпрво владата ја обвини за нетранспарентно трошење на странските донации, па и злоупотреби со помош на земјите од ЕУ, САД, Норвешка и Швајцарија.

Како се толкува оваа владина информација?

Вице премиерката и евро – министерка Габриела Коневска Трајковска на овие информација реагираше „Логиката на разгледување на оваа информација, беше по согледување на некои укажувања од страна на дипломаите заради несоодвена или недоволно организирана координација.“ кажа Габриела Коневска Трајковска, новата евро министерка

Реакција на Шеќеринска

По овие сомнежи за проневери веднаш реагираше Радмила Шеќеринска која има лидерски амбиции во СДСМ и се промовира како можен наследник на актуелниот Владо Бучковски. „ Неприфатливо е за една сериозна политичка партија која е на власт во република Македонија, со вакви смешни обвинувања, во кои нема ниту еден податок, ниту еден факт, да се обидува да влијае на тоа што ќе се случува во СДСМ.“

Демант од европските и американските дипломати

Во текот на вчерашнотот попладне, амбасадорите на САД, Велика Британија и ЕУ, јавно се оградија и тврдеа дека претходната влада не ги злоуотребила нивните донации, амнестирајќи ја Шеќеринска од евнтуалната вина.

Јавно барање да се соопштат конкретни земји

Радмила Шеќеринска пак јавно побара од шефот на дипломатијата да соопшти кои амбасадори и земји се жалеле на нејзиното управување со странските донации за кои се претпоставува дека во изминатите четири години се над 250 милиони евра.

„Се надевам дека не очекувавте сериозно од мене да соопштам кои европски дипломати изразиле такви забелешки. Најдобра адреса за да се добијат таквите информации би бил секторот за евро интеграции и секако портпаролот на владата.“ одговори во собраниското соочување, шефот на македонската дипкломатија Антонио Милошовски

Екс премиерот воздржан од коментари

На политичките шпекулации дека со отварањето на случајот Шеќеринска владата и премиерот Никола Груевски му помагаат на лидерот на СДСМ да остане на чело на опозициската партија, одговори екс премиерот Владо Бучковски „Завчера слушнав дека сум во коалиција со Тито Петковски, денеска во коалиција со Никола Груевски. Мислам дека ова е дел од амбиентот кој реално се создава пред конвенцијата. Дефинитивно јас првпат слушнав за овие обвинувања, овде во А1 вестите. Имав целосна доверба во Шеќеринска и во раководителот Деспотовски, како се дели странската помош. Затоа би се воздржал од коментари.“

МВР со дополнително соопштение, реакција на претседателот Црвенковски

Не стивна ехотото од овие информавции и деманти МВР со дополнително соопштение ги осомничи претседателот Бранко Црвенковски, пратениците информатичари Радмила Шеќеринска и Јани Макрадули дека реализираат штетен договор за легализација на софтверот од Мајкрософт. Во писмената реакција веднаш потоа, претседателот Црвенковски барањето на МВР до обвинителството за евентуална кривична постапка го означи како политички памфлет и обид на владата на премиерот Никола Груевски да заземе страна во битката за лидерската позиција во СДСМ. Дали на неа ќе остане Владо Бучковски ќе се знае по утрешната конвенција на СДСМ на кој за првпат во изминативе 15 години ќе се гласа за доверба на лидерот.