1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораст на невработеноста во Германија

ЖА/дв/дпа/ртре3 јануари 2013

Минатата година беше добра за германскиот пазар на труд. Но, крајот на 2012. остави траги врз економскиот раст: 2,84 милиони луѓе во декември биле без работа.

https://p.dw.com/p/17D5A
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пазарот на труд во Германија лани ја доживеа најдобрата година по 1994, но на крајот потпадна под влијнаието на општиот тренд во европски рамки, предизвикан од кризата. Во Сојузната агенција за труд, според денешните информации (03.01.2013), информираат дека во декември без работа биле пријавени 2,84 милиони луѓе. Тоа се 88 илјади повеќе отколку во ноември и 60 илјади повеќе отколку пред една година. Стапката на невработеност се зголеми на 6,7 проценти.

„Трагите на влошување на економската ситуација се видливи“, изјави денеска претседателот на сојузната агенција за труд Франк Вајсе. Според него зголемувањето на невработеноста во декември е честа појава, но оваа година е поголема од вобичаено. Влошувањето на состојбата на пазарот на трду започна во јули. Со ова ситуацијата во Греманија сепак е многу подобра отколку во останатите европски земји.

Вчера, пак, Сојузната служба за статистика, спротивно на ова, информираше дека бројот на вработени во 2012. бележи зголемување од 416 илјади луѓе, или еден процент повеќе од претходната година. Податоците за состојбата на пазарот на труд се пресметувани според меѓународна споредбена дефиниција и не одговараат на бројките кои, според друга метода, ги соопштува Сојузната агенција за труд.