1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Португалија мора да штеди за да излезе од криза

АТ/ дпад/ дпа16 октомври 2012

Владата на високо задолжената Португалија на парламентот му ги поднесе плановите за штедење во 2013 година. Предвидени се даночни покачувања и социјални кратења.

https://p.dw.com/p/16Qcb
Фотографија: Patricia De Melo/AFP/GettyImages

Министерот за финансии Витор Гаспар при претставувањето на кризниот буџет за 2013 година во Лисабон изрази разбирање за стравувањата на населението, меѓутоа владата немала „простор за маневри“. Португалија мора да остане „на курсот“.

Централно-десничарската влада има намера наредната година да ги скрати расходите во висина од 2,7 милијарди евра. Ова меѓу другото треба да биде спроведено со отпуштање на два проценти од 600.000 вработени во јавниот сектор. Освен ова според зборовите на Гаспар ќе има значајни даночни покачувања. Владата има намера да го покачи данокот на плата и да воведе општа даночна доплата од четири проценти на бруто приходот. Овие мерки треба да овозможат дополнителни приходи во државната каса во висина од 2,8 милијарди евра. Покрај ова предвидени се и кратења на пензиите и социјалните услуги.

Португалија во 2011 година за санирање на државните финансии од ЕУ, Европската централна банка и ММФ доби пакет помош во висина од 78 милијарди евра. При консолидацијата земјата беше на добар курс. Штедењата меѓутоа доведоа до рецесија и намалување на приходите од даноците во државната каса. Тројката донатиори затоа за оваа и наредната 2013 година ги ублажи целите за дефицитот и го продолжи планот за санација до 2014 година. Според податоци на португалската влада кризиниот буџет за 2013 година ќе предизвика намалување на економскиот учинок за еден процент и покачување на невработеноста на рекордно ниво од 16,4 проценти.

Протестите против политиката на штедење значително зачестија во изминатите недели, а синоќа во Лисабон повеќе стотици луѓе се собраа за симболично да го запоседнат паралментот.