1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Порше купува дел од Фолксваген

29 септември 2005

Германскиот производител на луксузни спортски автомобили Порше во неделата објави дека сака да купи 20% од акциите на Фолксваген. Идејата е Порше со купувањето да го спречи влезот на можните странски инвеститори во производителот од Волфсбург. Во овој момент Фолксваген со закон е заштитен од таквите трансакции. Меѓутоа со притисок на ЕУ законите би можеле да бидат ставени вон сила.

https://p.dw.com/p/AeNr
Фотографија: dpa - Bildfunk

Во европскиот суд во Луксембург сеуште е мирно. Откако комисијата на ЕУ уште во Март годинава поднесе формална тужба во врска со законот за Фолксваген, таму се чека на процес. Но, како што стојат работите до тоа нема да се случи годинава. Пресудата може да се очекува дури во 2007.

Во вакви услови се случи дилот кој го направија Порше и Фолксваген. Доколку познатиот производител на спортски автомобили, превземе 20% од акциите на Фолксваген, тогаш ќе се намали опасноста од таканареченото непријателско превземање од страна на некој странски инвеститор. Тоа е пресметката. Сепак ризикот би бил реален кога судот во Луксембург, би оценил дека деловите од законот за Фолксваген преставуваат повреда на договорот на ЕУ и би го поништил.

Спорниот закон за Фолксваген постои уште од 1960 година. Со него од една страна се обезбедува битно влијание на јавната управа во концернот. На пример германската покраина Долна Саксонија има двајца членови во управниот одбор и 18,2% од гласовите.

Законот исто така одредува дека ниту еден акционер не смее да располага со повеќе од 20% од гласовите, беа разлика на акционерскиот капитал со кој располага. Покрај тоа, стратегиските одлуки мора да се носат со мнозинство од 80% од гласовите. Со тоа во голем дел би се оневозможило влијанието на потенцијален голем инвеститор.

Европската комисија смета дека со тоа се крши прљавото на слободно движење на капиталот и слободата на избор на место за живот и работа. Поранешниот комесар за европскиот пазар. Холанѓанецот Фриц Болкенштајн вели:

„ Така едно важно претпријатие ќе стане дел од нормалната индустриска сцена во Европа, нема веќе да постојат исклучоци, за тоа сега е доцна„

Болкенштајн додуша поднесе оставка, заедно со комисијата на Романо Проди. Меѓутоа и новата комисија која ја предводи Жозе Мануел Барозо, го повика судот во Луксембург да го реши случајот.

Германската покраина Долна Саксонија нагласува дека актуелната распределба на акционерскиот капитал на концернот, докажува дека законот не ја ограничува слободата на капиталот и изборот на местото на живеење и труд. Доколку Порше ја реализира најавата и стане сопственик на 20% од акциите на Фолксваген, a Долна Саксонија го задржи својот дел, тогаш речиси и ќе нема можност најголемиот производител на автомобили во Европа да падне во непријателски раце.

Не чуди ниту фактот што и синдикатите и политиката потегот го коментираат како позитивен. Канцеларот Герхард Шредер секогаш стоеше зад Фолксваген и ја критикуваше европската комисија. На канцеларот може само да му оди во прилог тоа што неговиот голем пријател Венделин Ведекинд, шефот на Порше, сака да седне зад управувачот на Фолксваген.